ПРЕДЛОГ ЗА ОВОЈ МЕСЕЦ
Најди добро место за проучување
Дали би сакал да извлекуваш поголема корист од личното проучување? Еве некои предлози кои можат да ти помогнат подобро да се концентрираш кога проучуваш:
-
Избери соодветно место. Доколку е можно, најди место што не е натрупано и што е добро осветлено. Би можел да седнеш на биро или маса, или би можел да избереш некое удобно место надвор.
-
Најди место каде што ќе бидеш сам. Исус се молел рано наутро на „осамено место“ (Мар. 1:35). Ако не е можно да бидеш потполно сам, би можел да им кажеш на членовите на твоето семејство или на твоите цимери во кое време ќе проучуваш и да ги замолиш да не ти пречат тоа време.
-
Задржи концентрација. Избегнувај работи што може да ти го одвлечат вниманието. Ако проучуваш користејќи телефон или таблет, исклучи го звукот на известувањата или вклучи авионски режим. Ако се сетиш дека треба нешто да направиш, запиши го тоа некаде за да го направиш подоцна. Ако концентрацијата ти паѓа, направи пауза за да се прошеташ или да се протегнеш.