Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ПРЕДЛОГ ЗА ОВОЈ МЕСЕЦ

Повторно разгледај ги главните мисли

Повторно разгледај ги главните мисли

Дали некогаш ти е тешко да го запомниш она кое штотуку си го проучувал? Понекогаш, ова ни се случува на сите. Што може да ти помогне? Повторно разгледај ги главните мисли.

Додека проучуваш, одвреме-навреме застани за да видиш кои се главните мисли. Апостол Павле ги поттикнал браќата и сестрите да го направат токму тоа додека го проучуваат неговото писмо. Тој напишал: „Главното е ова“ (Евр. 8:1). Со овие зборови Павле им помогнал да разберат што сакал да им каже и како се поврзани една со друга работите што ги кажал.

Би можел да си одвоиш време, можеби 10 минути на крајот од твоето проучување, за да размислиш за главните мисли. Ако не можеш да се сетиш на главните мисли, погледни ги поднасловите или првите реченици од секој пасус за да си го освежиш сеќавањето. Ако си научил нешто ново, обиди се да го објасниш со свои зборови. Тоа што повторно ќе ги разгледаш главните мисли, ќе ти помогне полесно да ги запомниш и подобро да разбереш како можеш да ги примениш во твојот живот.