Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ИДЕИ ЗА ПРОУЧУВАЊЕ

Покажи храброст кога си под притисок

Покажи храброст кога си под притисок

Прочитај Еремија 38:1-13 за да дознаеш повеќе за храброста што ја покажале пророкот Еремија и дворјанинот Авде-Мелех.

Дознај повеќе од контекстот. Како Еремија покажал храброст додека ја објавувал пораката од Јехова? (Ерем. 27:12-14; 28:15-17; 37:6-10). Каква реакција предизвикало тоа? (Ерем. 37:15, 16).

Истражувај ги деталите. Со каков притисок се соочил Еремија? (jr 26-27, пас. 20-22). Дознај какви биле јамите во минатото и за што се користеле (w08 1/6 15, рамка; it-1-E 471). Со какви чувства можеби се соочувал Еремија додека бил во јамата со тиња? Кои стравови можеби требало да ги надмине Авде-Мелех? (w12 1/5 31, пас. 2-3).

Размисли кои се поуките. Прашај се:

  • „Што учам од овој извештај за тоа како Јехова ги штити своите верни слуги?“ (Пс. 97:10; Ерем. 39:15-18).

  • „Во кои ситуации јас ќе треба да покажам храброст?“

  • „Како можам да стекнам поголема храброст да го правам она што е исправно кога сум под притисок?“(w11 1/3 30). a

a За повеќе идеи за проучување, види ја статијата „Предлог за овој месец“ во Стражарска кула од јули 2023.