Како можам да се справам со неправдата?
Младите прашуваат . . .
Како можам да се справам со неправдата?
„Ги почитуваат само оние што имаат пари, додека нас кои немаме дури ни што да јадеме ниту каде да спиеме, нѐ третираат како животни. Ако очекувам нешто во иднината, тоа е да умрам и никој да не го забележи тоа“ (Арнулфо, 15-годишно бездомно момче).
ВО СВЕТОТ има многу неправди. Еден извештај од Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ) навел: „Во последнава деценија, во војните се убиени повеќе од 2 милиони деца, додека повеќе од 4 милиони преживеале физичко осакатување, а повеќе од 1 милион останале сирачиња или, пак, биле одвоени од своите семејства како последица на војна“. Гладот и сиромаштијата, кои погодуваат голем дел од светското население, честопати одат рака под рака со богатството и изобилството. Во земјите во развој, многу млади како што е Арнулфо се лишени од можноста да се школуваат.
Неправдата е особено болна кога ја нанесуваат оние кои би требало да те љубат и да те штитат. Размисли за 17-годишната Сузана. Мајка ѝ ја напуштила нејзе и нејзините двајца помлади браќа. „Поминаа години“, огорчено вели Сузана, „а мајка ми никогаш не ме викна да живеам со неа, иако живееме во ист град. Никогаш не ми рекла ниту ‚те сакам‘ и тоа секогаш ме разбеснуваше и сѐ уште ме разбеснува.“ Кога си жртва на такво лошо постапување, можеби ќе ти биде тешко да го задржиш гневот. Една жртва на злоупотреба во детството вели: „Тоа ме наведе да имам негативен став дури и кон Бог“.
Сосема е природно да се чувствуваш повреден или гневен ако си бил малтретиран. Библијата вели: „Самото угнетување може да го наведе мудриот да постапува лудо“ (Проповедник 7:7, NW). Кога секој ден од животот живееш со неправда, тоа може да те втурне во депресија. (Спореди Псалм 42:2.) Затоа, можеби копнееш да дојде крај на неправдата. Една млада девојка од Централна Америка се потсетува: „На возраст од 13 години се придружив на едно студентско движење. Ми беше сон да го дадам својот дел за да се променат работите и да нема гладни деца . . . Потоа се придружив на вооружената борба“. Меѓутоа, наместо да ја најде правдата, таа доживеала неопислива злоупотреба во рацете на другите војници.
Таквите ситуации нѐ потсетуваат на тоа дека повеќето луѓе се немоќни да ја подобрат својата ситуација. Тогаш, како можат * Како можеш ти да се справиш со огорченоста и гневот кои можеби ги чувствуваш?
да постапат жртвите на неправда?Отстранување на огорченоста и гневот
Одвреме навреме можеби ќе треба да се потсетуваш дека живееме во „последните денови“ на овој систем на ствари. Библијата прорекла дека луѓето денес ќе бидат „насилници . . . без љубов, нема да простуваат, клеветници, без самосовладување, брутални, нема да го љубат доброто, измамници“ (2. Тимотеј 3:1—4, New International Version). Многумина „изгубиле секакво морално чувство“ (Ефесјаните 4:19, NW). Од таа причина, неправдата е неизбежна животна реалност. Затоа, „ако видиш некаде на сиромав да се врши неправда и да му се одзема судот на правдата, не се чуди на тоа“ (Проповедник 5:7).
Со добра причина Библијата опоменува да не допуштиш да те обземе огорченост. На пример, таа вели: „Секое огорчение и јарост, гнев, викање и хулење нека бидат подалеку од вас“ (Ефесјаните 4:31). Зошто? Затоа што, на крајот, штетно и самоубиствено е да останеш огорчено разгневен. (Спореди Изреки 14:30; Ефесјаните 4:26, 27.) Ова важи особено ако ‚негодуваш против Господа‘ (Изреки 19:3). Гневот кон Јехова ти наштетува на односот со Оној кој може најмногу да ти помогне. Библијата вели дека Јеховините очи „ја гледаат целата земја, за да им помагаат на оние, чие што срце наполно Му е предадено Нему“ (2. Летописи 16:9).
Во врска со Јехова, Библијата исто така вели: „Сите патишта Негови се праведни; Бог е верен и неправда нема во Него; Он е праведен и вистинит“ (5. Мојсеева 32:4). Неправдите се случуваат заради тоа што се побуниле Адам и Ева (Проповедник 7:29). Човекот — а не Бог — ‚господарел над човек на своја штета‘ (Проповедник 8:9). Исто така, запомни дека „целиот свет лежи во власта на злобниот“, Сатана Ѓаволот (1. Јованово 5:19, NW). Сатана, а не Јехова, стои зад неправдите во светот.
Крај на неправдата
За среќа, неправдата нема да постои засекогаш. Ако го имаш тоа на ум, ќе ти биде полесно да се справиш со неа. Размисли за искуството на еден човек по име Асаф, кој живеел во библиските времиња. Насекаде околу него имало неправди, иако живеел меѓу луѓе кои тврделе дека му служат на Јехова. Наместо да бидат казнети заради тоа што постапувале лошо со другите, суровите луѓе како да живееле без проблеми и просперирале во животот! Асаф признава: „Позавидев . . . гледајќи како мирно живеат грешниците“. Привремено Асаф ја изгубил својата урамнотеженост со тоа што дозволил премногу да се загрижи заради таквите работи (Псалм 72:1—12).
Со текот на времето, Асаф дошол до едно впечатливо сознание. Во врска со злобните тој рекол: „Сигурно си ги поставил на лизгаво тло. Предизвика да отидат во пропаст“ (Псалм 73:16—19, NW). Да, Асаф сфатил дека на крајот луѓето не се извлекуваат со својата злоба. Честопати нивното лошо постапување ги стигнува и тие трпат затворања, финансиска пропаст, губење на работното место или, пак, отстранување од влијателни положби. Злобните ќе „отидат во пропаст“ најдоцна тогаш кога Бог ќе изврши пресуда врз овој злобен систем на ствари (Псалм 9:35, 37, 38; 36:9—11).
Сознанието дека Бог ќе ги поправи работите во блиска иднина може да ти помогне да го контролираш гневот и фрустрацијата. „Никому не враќајте зло за зло“, опоменува Библијата. „Размислувајте за тоа што е добро пред сите луѓе. Ако е можно, доколку Римјаните 12:17—19; спореди 1. Петрово 2:23).
тоа зависи од вас, бидете во мир со сите луѓе. Не одмаздувајте се, возљубени, за себе, туку дајте му место на Божјиот гнев. Оти е напишано: ‚Одмаздата е Моја. Јас ќе отплатувам — вели Господ‘“ (Помош и поддршка
Но, можеби имаш длабоки емоционални лузни, како што се болните сеќавања. Според еден извештај на УНИЦЕФ, „децата кои постојано биле изложени на насилство, речиси секогаш доживуваат значителна промена во нивните верувања и ставови, вклучувајќи ја и општата загуба на довербата во другите. Ова е случај особено кај децата кои биле нападнати или злоупотребени од луѓе кои претходно се сметале за блиски или за пријатели“.
Не постои лесно решение за таквите проблеми. Но, ако со твоето размислување доминираат негативни чувства или болни спомени, веројатно ти треба помош. (Спореди Псалм 118:133.) Како прво, би можел да прочиташ некое градиво кое зборува баш за тешкотиите што си ги доживеал. На пример, списанието Разбудете се! издало многу статии кои им даваат практичен совет на жртвите на силување, кражба и злоупотреба на деца. Споделувањето на твоите грижи и чувства со некој зрел, сочувствителен слушател може многу да ти помогне (Изреки 12:25). Можеби можеш да им се довериш на своите родители.
Но, што ако ја немаш поддршката на родителите? Тогаш барај поддршка од христијанското собрание. Кај Јеховините сведоци, собраниските старешини служат како заштита за оние кои страдаат (Исаија 32:1, 2). Тие не само што ќе те сослушаат туку ќе ти дадат и практичен совет. Исто така, не заборавај дека и другите зрели христијани можат да ти бидат како ‚браќа, и сестри, и мајка‘ (Марко 10:29, 30). Се сеќаваш ли на Сузана, чија мајка ја напуштила? Таа и нејзините браќа и сестри добиле помош од христијанското собрание. Еден христијански министер покажал толкав интерес за семејството на Сузана што таа го нарекува посвојувач. Сузана вели дека таквата поддршка ‚им помогнала да созреат и да застанат цврсто во вистината‘.
Експертите велат дека може да биде од помош и одржувањето секојдневна рутина на смисловни активности. Самото одење на училиште и извршувањето на домашните обврски може многу да придонесе да ги отстраниш од умот негативните мисли. Но, ќе имаш практична корист ако следиш рутина на духовни активности — присуствување на христијанските состаноци и проповедање на добрата вест. (Спореди Филипјаните 3:16.)
Неправдите нема да исчезнат од Земјата сѐ додека не дојде Божјето Царство да ја изврши Божјата волја ширум земјата (Даниил 2:44; Матеј 6:9, 10). Во меѓувреме, прави сѐ што можеш за да се справиш со таа околност. Поткрепувај се со ветувањето дека, како Владетел на Божјето Царство, Исус Христос „ќе избави беден од силник и сиромав, кој нема помошник. Ќе го поштеди бедниот и сиромавиот и ќе го спаси животот на сиромасите“ (Псалм 71:12, 13).
[Фуснота]
^ Иако оваа статија се сосредоточува на неправдите со кои се соочуваат младите во сиромашните земји, начелата што се дискутираат овде се однесуваат на сите облици на неправда кои се доживуваат.
[Истакната мисла на страница 12]
„Тоа ме наведе да имам негативен став дури и кон Бог“
[Слика на страница 13]
Поддршката од сохристијаните може да ти помогне да се справиш со неправдите