Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Ќе одат милиони — а Вие?

Ќе одат милиони — а Вие?

Ќе одат милиони — а Вие?

Каде ќе одат? На годишната прослава на смртта на Исус Христос. Во 2000 година, во целиот свет присуствуваа вкупно 14.872.086 лица.

Зошто луѓето одат? Заради значењето што го има Христовата смрт за човештвото. Таа значи дека наскоро човештвото ќе биде спасено од болестите, страдањето и смртта. Дури и нашите сакани кои умреле ќе бидат воскреснати во живот на една рајска земја.

Како може смртта на Исус да донесе такви благослови? Повикани сте да дознаете. Јеховините сведоци Ве покануваат да им се придружите на овој важен настан.

Можете да присуствувате во Салата на Царството која е најблиску до Вашиот дом. Оваа година датумот е 8 април, недела, по зајдисонце. Распрашајте се кај Сведоците во Вашето место за точното време.