Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Дали Бог навистина постои?

Дали Бог навистина постои?

Дали Бог навистина постои?

Во Тајланд, еден млад човек рекол дека се молел со зборовите: „Боже, ако навистина постоиш, помогни ми да ги научам твоите патишта“. Подоцна, тој човек објаснил:

„Еден Јеховин сведок дошол кај мене, но јас не сум бил дома. Тој оставил трактат и покана со мапа на која беше покажано каде се одржуваат состаноци“. Човекот ги следел упатствата што биле дадени. Тој рекол: „Салата беше многу чиста и скромна а луѓето беа многу срдечни и пријателски настроени.

Нешто друго што ми остави силен впечаток беше тоа што сите имаа свој примерок од Библијата и ја отвораа за да следат заедно со говорникот. Сметав дека Библијата треба да се проучува токму на тој начин за да се навлезе во суштината на вистинските религиозни науки. Уште нешто што ме зачуди беше начинот на кој младите ја следеа студијата и даваа одговори. Никогаш порано не сум видел такво нешто“.

Една библиска публикација што се користи на состаноците на Јеховините сведоци е книгата Постои ли Творец кој се грижи за тебе? Можете да добиете примерок од оваа книга од 192 страници со меки корици ако го пополните и испратите придружниот купон на приложената адреса или на соодветната адреса наведена на 5. страница од ова списание.

□ Испратете ми примерок од книгата Постои ли Творец кој се грижи за тебе?

□ Ве молам, контактирајте со мене заради бесплатна домашна библиска студија.

[Извор на слика на страница 32]

„Столбови на создавањето“ на насловната страница на книгата: Џ. Хестер и П. Скоуен (AZ State Univ.), НАСА