Живите мозаици во Монтреал
Живите мозаици во Монтреал
ОД ДОПИСНИКОТ НА РАЗБУДЕТЕ СЕ! ВО КАНАДА
ОД 19 јуни до 9 октомври 2000, прекрасниот град Монтреал (Канада) беше домаќин на првата меѓународна изложба на цветни скулптури, Интернационална мозаикултура Монтреал 2000 (ИММ 2000). На темата „Планетата е мозаик“, беа поканети уметници од 14 земји да осмислат и да направат стотина цветни експонати.
Дводимензионални цветни мозаици — во кои се користат растенија за да се создаде слика — со векови ги краселе јавните паркови. Меѓутоа, во текот на изминатите 50 години, хортолози од Кина, Европа и од други места создадоа тродимензионални скулптури обложувајќи метални рамки со внимателно избрани растенија. Комбинирајќи
ги обата вида мозаици во една изложба, организаторите на ИММ 2000 го оживеаја терминот „мозаикултура“ — кој првобитно се користел за да се опишат цветните леи во Франција — и го применија на дводимензионалните и на тродимензионалните цветни скулптури. Сѐ на сѐ, околу три милиони посебно избрани растенија се употребија за ИММ 2000. За да се полеваат и да се одржуваат живите мозаикултури, беше потребен талентот на 68 хортолози и градинари.Кинеските мозаици беа особено интересни, бидејќи нивните креатори испреплетоа мешавина од глина, коњско ѓубриво и оризова слама околу металната рамка на тродимензионалната скулптура. Тие користеа и ситни растенија со мали коренчиња, за кои е потребно многу малку почва.
Секој уметник што учествуваше на ИММ 2000 се надеваше дека ќе победи на натпреварот. Но, повеќето посетители беа задоволни едноставно да се восхитуваат на иновативниот дизајн и спектакуларната убавина на секој мозаик. „Ова навистина е уметничко дело“, коментираше Лин Дурансо, директор на меѓународниот натпревар. „Како да е некој мал музеј. Многу се гордееме со исходот.“
[Слики на страници 24 и 25]
Горе: Скулптура на панда (Кина)
Средина: Древна палата (Тајланд) и една пеперуга (Кина)
Долу: Диви патки (Квебек, Канада)
[Слики на страница 25]
Горе: Цветна скулптура на едно дело на Винсент Ван Гог (Канада); паун (Франција)