Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Може ли холокаустот да се случи повторно?

Може ли холокаустот да се случи повторно?

Може ли холокаустот да се случи повторно?

ОД ДОПИСНИКОТ НА РАЗБУДЕТЕ СЕ! ВО ШВЕДСКА

ОД 26 до 28 јануари 2000, шефовите на државите и претставници на 48 влади од целиот свет се собраа во главниот град на Шведска, каде што се одржа Стокхолмскиот меѓународен форум за холокаустот. Некои изјави од говорницата открија дека светските водачи се плашат од повторно оживување на нацизмот. Поранешниот израелски премиер Ехуд Барак рече: „Оваа конференција испраќа една универзална порака: Никогаш повторно да не се толерира, каде и да е на Земјата, режим на зло, убиство и дискриминација меѓу човечките суштества врз основа на нивната религија, раса или боја“.

Не само проблем на Евреите

Многу луѓе во светот си го поврзуваат терминот „холокауст“ само со Евреите. Меѓутоа, и други биле жртви. На церемонијата за комеморација на еврејскиот холокауст одржана во Големата синагога во Стокхолм за време на форумот, на која ѝ се даде голем публицитет, шведскиот премиер предложи да се постигне договор за отворање на сите архиви во светот за да се просветли јавноста во поглед на холокаустот. „Треба да знаеме“, рече тој, „за геноцидот на Ромите, за масовното убиство на инвалидите и за прогонството и убиството на хомосексуалците, дисидентите и Јеховините сведоци.“

Шведската влада издаде книга за холокаустот со наслов Tell Ye Your Children (Кажете им на своите деца), која бесплатно се дистрибуираше низ земјата до сите семејства со деца. Оваа публикација забележува дека Јеховините сведоци „одбиле да се заколнат дека ќе му бидат верни на Хитлер и на нацистичка Германија. Ваквиот отпор е нешто исклучително затоа што само со потпишување на еден документ со кој изјавувале верност ќе ставеле крај на своето прогонство — но сепак, малкумина ја избрале таа опција“.

Холокаустот и Јеховините сведоци

Во 1933, во Германија имало околу 25.000 Јеховини сведоци. Илјадници од нив биле меѓу првите луѓе што биле ставени во нацистички логори и затвори. Тие се изјасниле дека како христијани се неутрални кон секаква политичка и воена активност. Не отпоздравувале со „хајл Хитлер“. Одбиле да ја прифатат нацистичката расистичка идеологија и да станат дел од Хитлеровата воена машинерија. Околу 2.000 од нив умреле; повеќе од 250 со погубување.

Освен тоа, затворениците Сведоци им помагале на другите затвореници да издржат, вклучувајќи ги и Евреите и другите. Тоа го правеле всадувајќи им ја библиската надеж и делејќи сѐ што имале со болните и со слабите, честопати нудејќи им го и последното парче леб. Во првите години на нацистичкото прогонство, тие шверцувале информации за постоењето на концентрациони логори и за она што се случувало во нив. Оттогаш, во нивните глобално дистрибуирани списанија, Стражарска кула и Разбудете се!, тие објавиле многубројни статии во врска со нацистичките ѕверства, како и животни приказни на оние што преживеале.

Стравот од повторно оживување на нацизмот беше очигледен меѓу делегатите на Стокхолмскиот меѓународен форум за холокаустот. Професор Јехуда Бауер, директор на Меѓународниот центар за изучување на холокаустот при Институтот на денешниот еврејски народ (Израел), се изрази вака: „Бидејќи тоа се случило еднаш, може да се случи уште еднаш, не во истиот облик, не мора да значи и на истите луѓе и не од истите луѓе, туку на кого и да е и од кого и да е. Она што беше, беше без преседан, но сега имаме преседан“.

[Слика на страница 26]

Пурпурниот триаголник ги идентификувал Јеховините сведоци во логорите

[Слики на страници 26 и 27]

1. Јулиус Енгелхарт, Јеховин сведок, беше погубен од нацистите во Бранденбург на 14 август 1944

2. Тројца Јеховини сведоци се упатуваат дома откако биле ослободени од Заксенхаузен, 1945

3. Елза Абт, Сведок што била одвоена од својата ќеркичка и поминала в затвор речиси три години

[Извор на слика]

Nordrhein-Westfälisches Hauptstaatsarchiv, Düsseldorf

[Слика на страница 27]

На овие видеокасети преживеаните Сведоци ги раскажуваат своите приказни