Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Не е само за тинејџери

Не е само за тинејџери

Не е само за тинејџери

Во едно писмо до административната канцеларија на Јеховините сведоци во Полска, 25-годишната Јоланта објаснила дека е во депресија. Болеста и оневозможува да се движи, а во период од шест месеци умреле мајка ѝ и баба ѝ. Но, тогаш почнала да ја чита публикацијата Младите прашуваат — делотворни одговори. Таа напишала:

„Мислев дека оваа публикација е добра за тинејџерите, но не и за мене“, рекла таа. „Колку само грешев! Проучувајќи ги 12 до 16 поглавје од оваа книга, најдов јасни одговори на моите прашања: ‚Зошто сум толку депресивна и се чувствувам осамена?‘ ‚Зошто не си се допаѓам себеси?‘ и ‚Зошто сум толку ужалена по смртта на моите сакани роднини?‘“

Таа продолжува: „Ме привлекоа две мисли на 130. страница: ‚Сознанието дека твојата жалост е нормална е од голема помош за да се фатиш во костец со неа. Но, ако продолжуваш да ја негираш реалноста, ти само ја продолжуваш жалоста‘. Кога ги прочитав овие зборови, уште повеќе се зајакна мојата надеж дека ќе ги видам оние што се во смртен сон, а тоа му даде подлабока смисла на мојот живот“.

Ако сакате да ги совладате негативните чувства и да најдете смисла во животот, веруваме дека и Вам ќе ви користи книгата Младите прашуваат — делотворни одговори. За да побарате примерок, пополнете го придружниот купон и испратете го на приложената адреса или на соодветната адреса наведена на 5. страница од ова списание.

□ Испратете ми ја книгата Младите прашуваат — делотворни одговори

□ Ве молам, контактирајте со мене заради бесплатна домашна библиска студија.