Како започна судскиот спор
Како започна судскиот спор
СТРАТОН (ОХАЈО, САД), мало местенце во близина на реката Охајо, која ја дели државата Охајо од Западна Вирџинија. Се води како селска општина и има градоначалник. Ова мало местенце со помалку од 300 жители, одеднаш стана центар на една полемика во 1999 кога локалните власти се обидоа да им наметнат на Јеховините сведоци, а и на други, обврска да бараат дозвола пред да одат во домовите на мештаните со својата библиска порака.
Зошто овој спор е толку важен? Додека читате како се одвиваа настаните, ќе видите дека ваквата одредба и контрола од страна на властите всушност би го ограничила правото на слобода на говор не само на Јеховините сведоци туку и на сите луѓе што живеат во Соединетите Држави.
Како дојде до конфликтот
Министри од локалното собрание на Јеховините сведоци во Велзвил, кои веќе со години ги посетуваа жителите на Стратон, имаа проблеми со неколку локални службеници во врска со таквата служба од куќа до куќа уште од 1979. Во почетокот на 1990-тите, еден локален полицаец избрка од градот група Сведоци со зборовите: „Не ми е гајле за вашите права“.
Работите најмногу се влошија во 1998, кога градоначалникот на Стратон лично се соочи со четири жени Јеховини сведоци. Тие си заминувале од селото откако повторно ги посетиле жителите што покажале интерес за библиски дискусии. Според една од жените со кои градоначалникот се соочил, тој им рекол дека, да биле мажи, ќе ги ставел в затвор.
Причина за последниот конфликт беше една одредба издадена од општината за „Регулирање на непожелно продавање по куќи и агитирање на приватен имот“, со која се бараше секој што сака да учествува во некаква активност од врата до врата да добие бесплатна дозвола од градоначалникот. Јеховините сведоци ја сметаа оваа одредба за кршење на слободата на говорот, слободното
практикување на религија и слободата на печатот. Затоа поднесоа тужба до државниот суд откако селото одби да ја преиначи оваа одредба.На 27 јули 1999, се одржа судски претрес пред судијата на окружниот суд на САД, надлежен за јужниот округ Охајо. Тој ја поддржа уставноста на општинската одредба во врска со дозволите. Потоа, на 20 февруари 2001, и американскиот Апелационен суд за шестиот округ ја потврди уставноста на одредбата.
За да се реши спорот, Watchtower Bible and Tract Society of New York, заедно со локалното собрание на Јеховините сведоци во Велзвил, побара случајот да биде разгледан од Врховниот суд на САД.
[Карта/слика на страница 3]
(Види во публикацијата)
Лос Анџелес
Њујорк
ОХАЈО
Стратон