Ноќ за сеќавање — недела, 4 април 2004
Ноќ за сеќавање — недела, 4 април 2004
НОЌТА пред да умре, Исус Христос го вовел Меморијалот на својата смрт. На еден едноставен оброк со своите апостоли, во кој употребил вино и бесквасен леб како симболи, Исус заповедал: „Правете го ова за мој спомен“ (Лука 22:19).
Јеховините сведоци срдечно Ве покануваат заедно со нив да го одбележите овој годишен Меморијал. Оваа година тој ќе се одржи по зајдисонце в недела, 4 април, датумот што одговара на 14 нисан според библискиот лунарен календар. Ве молиме, информирајте се кај Јеховините сведоци во Вашата близина за точното време и место на состанокот.