Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

„Не сакаме да ја славиме Ноќта на вештерките!“

„Не сакаме да ја славиме Ноќта на вештерките!“

„Не сакаме да ја славиме Ноќта на вештерките!“

ОД ДОПИСНИКОТ НА РАЗБУДЕТЕ СЕ! ВО БЕЛГИЈА

Вака гласела одлуката на учениците од едно одделение во основно училиште во Тиенен (Белгија). Што била причината за ваквата одлука? Во Белгија, Ноќта на вештерките се слави од неодамна. Всушност, овој празник требало за првпат да се слави во ова училиште на 31 октомври 2002. Затоа, неколку дена пред тоа, учителката им дала задача на децата да ја опишат Ноќта на вештерките. „Колку погрдо и пострашно, толку подобро!“ — додала таа.

Меѓу учениците во одделението бил и 10-годишниот Матијас. Тој се сетил дека, во Разбудете се! од 8 октомври 2001, читал за скриените опасности од таквите популарни прослави, како што е Ноќта на вештерките. Знаел дека има некои работи во врска со овој празник што Бог не ги сака. Затоа Матијас напишал состав на темел на тие статии. Откако внимателно ги прочитала информациите, учителката на Матијас заклучила дека Ноќта на вештерките сепак не е само безопасна забава, како што мислат мнозина. Потоа го замолила Матијас да зборува на таа тема пред одделението.

Кога Матијас почнал да зборува, некои од учениците не го слушале. Сепак, тој продолжил и полека-полека сите почнале внимателно да го следат неговото објаснување. Кога завршил, учителката ги прашала дали сѐ уште сакаат да ја слават Ноќта на вештерките. Сите во одделението едногласно одговориле: „Не!“ Еден ученик извикал: „Тоа е одвратно!“ Друг рекол: „Не сум знаел дека оние што ја слават Ноќта на вештерките не покажуваат никаква почит кон луѓето што умреле“.

Матијас пред тоа бил малку срамежлив, но ова искуство многу го охрабрило да се држи за своите библиски убедувања дури и кога ќе се соочи со притисок. Освен тоа, сега неговата учителка и соучениците уште повеќе го ценат како Јеховин сведок.