Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Зошто е важно да им се чита на децата

Зошто е важно да им се чита на децата

Зошто е важно да им се чита на децата

ОД ДОПИСНИКОТ НА РАЗБУДЕТЕ СЕ! ВО ПОЛСКА

Организаторите на годишната кампања „Цела Полска им чита на децата“изјавуваат: „Читањето е клуч за знаењето, како и за [развојот на] интелектуалните способности . . . Тоа ја отвора вратата кон човечките знаења“. Ако ова е точно, тогаш зошто многу возрасни, а и деца, мислат дека читањето е само нужно зло?

Иницијаторите на оваа кампања тврдат: „Навиката да се чита и љубовта кон книгата треба да им се всадат на децата уште додека се мали“. На родителите им го велат следново: „Ако сакате вашите деца да бидат мудри и да имаат успех на училиште и во животот, секој ден читајте им гласно по 20 минути“.

Исто така, родителите се охрабрени да не одолговлекуваат многу туку да „почнат [да им читаат на децата] што поскоро“. Кога? Советот до родителите гласи: „Добро е да му читаме на бебето додека го држиме в скут, гледајќи во него со љубов и будејќи му го интересот со нашиот глас. На овој начин тоа секогаш ќе го поврзува читањето со чувство на сигурност, задоволство и блискост. Освен тоа, ваквото читање ќе го стимулира и неговиот умствен развој“.

Организаторите на кампањата нагласуваат дека „сега е поважно од кога и да било порано да им се чита на децата“, а изнесуваат и некои други користи. Кога им се чита на глас, децата учат да мислат, „им се помага да ги разберат другите луѓе, да го разберат светот и себеси . . . им се буди интересот, им се развива фантазијата, се стимулира нивниот емоционален развој, им се помага да покажуваат сочувство и соживување, се учат на морални вредности . . . им се гради самодовербата“. Без сомнение, читањето е „ефикасен противотров за многу непожелни влијанија . . . од кои им се заканува опасност на детските умови и срца“, заклучуваат предводниците на оваа кампања.

За да има уште подобри резултати од читањето, би требало да се користат публикации што ги поттикнуваат децата да се зближат со нивниот небесен Творец. Библијата е најдобрата можна книга што ни помага да станеме блиски со Бог. Во неа стои дека младиот Тимотеј бил поучен за „светите списи“ уште „од периодот на доење“ (2. Тимотеј 3:15). Родителите можат гласно да им читаат на децата книги што се темелат на Библијата како, на пример, Моја книга со библиски приказни и Учи од Големиот учител, кои се напишани специјално за најмладите, а се издадени од Јеховините сведоци.