Срдечно сте поканети на најважниот состанок во годината!
Срдечно сте поканети на најважниот состанок во годината!
Во четврток, на 24 март 2005, ќе се одржи состанок што сигурно не би сакале да го пропуштите. На тој ден, на различни места низ целиот свет ќе се соберат повеќе од шест милиони Јеховини сведоци заедно со милиони пријатели за да се потсетат на последната вечера што ја имал Исус со своите ученици. Во склад со упатствата што ги дал тој, на секој од овие состаноци ќе бидат послужени бесквасен леб и вино и ќе се објасни какво е значењето на таа свеченост (Марко 14:22-24).
Овој настан им е познат на многу луѓе како Тајната вечера. Јеховините сведоци го нарекуваат Меморијал на Христовата смрт. Овој Меморијал е многу важно потсетување на жртвата што ја дал Исус Христос кога умрел за грешното човештво (Јован 3:16; 1. Јованово 2:2). Откако завршил со својата последна вечера, Исус бил уапсен и подоцна умрел на столбот како да е некој обичен злосторник (Јован 19:17, 18).
Срдечно сте поканети на овој посебен состанок. Тоа е најважниот состанок на Јеховините сведоци во годината. Ве молиме, информирајте се во Салата на Царството во Вашата близина за точното време и место.