Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Живот со страв

Живот со страв

Живот со страв

РОКСАНА * се плаши да му каже на маж ѝ дека сака да најде работа со скратено работно време. Еднаш, кога му побарала пари за автобус за да ја посети мајка си, толку силно ја удрил што морала да добие лекарска помош. Таа живее во постојан страв.

Кога навечер се враќала од работа, Роландо обично оставал жена му да си дојде дома со јавен превоз, но сега ја зема со автомобил. Во нивната населба имало толку многу случаи на насилство што е загрижен за нејзината безбедност.

Хајди работи во центарот на еден главен град. Еднаш, кога се враќала дома, се нашла сред некои демонстрации кои на крајот завршија со насилство. Сега, секојпат кога ќе чуе дека во близина минуваат демонстранти, чувствува вознемиреност. „Не се чувствувам безбедно“, вели таа. „Повеќе не сакам да работам овде. Но, немам избор.“

Роксана, Роландо и Хајди во себе имаат чувство на страв — и тоа не само во исклучителни случаи. Тоа е нешто што ги притиска постојано. Кога луѓето мораат да живеат во страв, може да се чувствуваат исцрпени. Стравот може да им ја одземе радоста зашто не можат да го прават она што го сакаат. Стравот може да им ги преокупира мислите на луѓето и да ги спречи да се концентрираат на други работи.

Многу е стресно да се живее во страв. Честопати се случува човек да падне во депресија поради тоа, а може да му биде нарушено и здравјето. „Стресот го напаѓа имунолошкиот систем и е еден од факторите за појавата на поголемиот број болести“, се објаснува во едно списание за здравје. „Со текот на времето, телото ќе почне да покажува симптоми на исцрпеност, особено кај органите што се погодени. Може да дојде до висок крвен притисок, срцеви заболувања, заболувања на бубрезите, нарушувања на гастроинтестиналниот систем, чир, главоболки, несоница, депресија и нервна растроеност. Ако ваквата состојба трае подолго време, доаѓа до исцрпеност.“

Во денешниов свет не е ништо чудно луѓето да живеат во страв. Ќе дочекаме ли некогаш свет во кој луѓето ќе му се радуваат на животот без да се плашат од нешто?

[Фуснота]

^ Некои имиња се сменети.