Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Фасцинантни шеми кај растенијата

Фасцинантни шеми кај растенијата

Фасцинантни шеми кај растенијата

СИ ЗАБЕЛЕЖАЛ ли некогаш дека многу растенија растат во спирална форма? На пример, еден ананас може да има 8 спирални лушпи што одат во еден правец и 5 или 13 што одат во спротивниот правец. (Види ја слика 1.) Ако го разгледаш семето на сончогледот, ќе видиш 55 и 89 спирали што се вкрстуваат, а може да има и повеќе. Вакви спирали може да се видат дури и кај карфиолот. Кога веќе ќе почнеш да ги забележуваш спиралите, пазарувањето овошје и зеленчук ќе ти биде уште поинтересно. Зошто растенијата растат вака? Дали бројот на спиралите има некакво значење?

Како растат растенијата?

Повеќето растенија образуваат нови органи, како што се стеблото, лисјата и цветовите, од една мала централна точка на растење што се вика меристем. Секоја нова структура, наречена примордиум, се развива и расте од центарот во нов правец и секогаш е под ист агол во однос на претходниот израсток. * (Види ја слика 2.) Кај повеќето растенија, новите израстоци се подредени под одреден агол, поради што се формираат спирали. Колкав е тој агол?

Да размислиме за овој проблем: Замисли си дека треба да направиш едно растение така, што новите израстоци ќе бидат густо наредени околу точката на растење, без празен простор меѓу нив. Да претпоставиме дека ќе избереш да направиш секој нов примордиум да расте и да ротира под агол од две петтини во однос на претходниот израсток. Во тој случај ќе наидеш на проблем, зашто секој петти примордиум ќе расте од истата точка и во ист правец. Меѓу низите ќе остане празен простор. (Види ја слика 3.) Факт е дека секоја проста дропка би довела до формирање низи со празен простор, наместо потполно да се искористи просторот. Само кога се под „идеален агол“, како што го нарекуваат, од приближно 137,5 степени, израстоците се идеално подредени. (Види ја слика 5.) Зошто овој агол е толку посебен?

Идеалниот агол е идеален затоа што не може да се прикаже со едноставна дропка. Дропката 5/8 е близу до тој агол, 8/13 е поблизу, 13/21 уште поблизу, но со ниедна дропка не се изразува идеалната пропорција на ротирање. Затоа, кога од меристемот ќе се развие нов израсток под овој фиксен агол во однос на претходниот израсток, никогаш нема да се случи два израстока да се развијат во ист правец. (Види ја слика 4.) Како резултат на тоа, наместо да формираат краци, примордиумите формираат спирали.

Интересно, при компјутерска симулација на примордиуми што растат од една централна точка, препознатливите спирали се создаваат само кога аголот меѓу новите израстоци е до секунда точен. Ако аголот не е точен макар и за една десеттина од степенот, ефектот се губи. (Види ја слика 5.)

Колку ливчиња има на еден цвет?

Интересно, бројот на спиралите кои се резултат на растот што се должи на идеалниот агол обично е број од низата позната како Фибоначиев број. Оваа низа прв ја опишал италијанскиот математичар Леонардо Фибоначи, кој живеел во 13 век. Во оваа прогресија, секој број после 1 е еднаков на збирот од претходните два броја — 1, 1, 2, 3, 5, 8, 13, 21, 34, 55 и така натаму.

Цветовите на многу растенија кои имаат спирална шема, честопати имаат Фибоначиев број на ливчиња. Според некои изучувачи, обично лутичето има по 5 ливчиња, сангинаријата 8, врбицата 13, планинската ѕвездичка 21, маргаритката 34 и астрата 55 или 89 ливчиња. (Види ја слика 6.) Овошјето и зеленчукот честопати имаат одлики што одговараат на Фибоначиевиот број. На пример, кога ќе исечеме една банана попречно, ќе видиме дека има шема со пет страни.

„Тој направил сѐ да е убаво“

Уметниците уште одамна сфатиле дека идеалните пропорции се најубавото нешто за нашето око. Зошто растенијата образуваат нови израстоци точно под овој фасцинантен агол? Многу луѓе доаѓаат до заклучокот дека тоа е уште еден пример дека живите суштества се создадени.

Кога размислуваат за тоа дека живите суштества се создадени и за нашата способност да уживаме во нив, мнозина во тоа ја гледаат раката на еден Творец кој сака да му се радуваме на животот. За нашиот Творец Библијата вели: „Тој направил сѐ да е убаво во свое време“ (Проповедник 3:11).

[Фуснота]

^ пас. 4 Интересно, сончогледот е необичен, затоа што цветчињата што подоцна стануваат семе, наместо од центарот, почнуваат да образуваат спирали од работ на главата.

[Графикони на страници 24 и 25]

Слика 1

(Види во публикацијата)

Слика 2

(Види во публикацијата)

Слика 3

(Види во публикацијата)

Слика 4

(Види во публикацијата)

Слика 5

(Види во публикацијата)

Слика 6

(Види во публикацијата)

[Слика на страница 24]

Крупен план на меристем

[Извор на слика]

R. Rutishauser, University of Zurich, Switzerland

[Извор на слика на страница 25]

Бел цвет: Thomas G. Barnes @ USDA-NRCS PLANTS Database