Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Бог вистински се грижи!

Бог вистински се грижи!

Бог вистински се грижи!

НАЧИНОТ на кој Бог се справил со бунтот што започнал во Еден покажува колку многу го сака секого од нас и колку е заинтересиран за нашата иднина. Разгледај ги следниве докази дека Бог вистински се грижи за нас, и прочитај ги наведените стихови во твојата Библија.

● Ни ја дал Земјата, која изобилува со природни убавини, зачудувачки животински свет и плодна почва (Дела 14:17; Римјаните 1:20).

● Ни дал чудесно тело со кое можеме да се радуваме на она што го доживуваме секој ден, на пример, кога јадеме некоја вкусна храна, кога го гледаме зајдисонцето, кога ја слушаме детската смеа и кога го чувствуваме нежниот допир на саканото лице (Псалм 139:14).

● Ни дава мудро водство кое ни помага да се справиме со проблемите и притисоците (Псалм 19:7, 8; 119:105; Исаија 48:17, 18).

● Ни дава прекрасна надеж, која покрај другото вклучува да живееме во рај на Земјата и да го видиме воскресението на нашите мили што починале (Лука 23:43; Јован 5:28, 29).

● Го испратил својот единороден Син да умре за нас за да можеме да имаме надеж за вечен живот (Јован 3:16).

● Го воспоставил месијанското Царство на небото и ни дал многу докази дека тоа Царство наскоро ќе ја преземе контролата над целата Земја (Исаија 9:6, 7; Матеј 24:3, 4, 7; Откровение 11:15; 12:10).

● Нѐ повикува да му се обратиме во молитва, да му го излееме своето срце, а кога го правиме тоа, навистина слуша (Псалм 62:8; 1. Јованово 5:14, 15).

● Постојано ги уверува луѓето дека многу ги сака и дека се грижи за нив (1. Јованово 4:9, 10, 19).