Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

„Заедничките оброци нѐ зближуваат“

„Заедничките оброци нѐ зближуваат“

„Заедничките оброци нѐ зближуваат“

ДАЛИ твоето семејство јаде барем еден оброк дневно заедно? За жал, со денешното брзо темпо на живот, во многу семејства јадењето станало нешто непланирано — секој јаде сам кога ќе најде време. Сепак, освен што задоволува една физичка потреба, јадењето заедно како семејство може да задоволи и поважни потреби — топла комуникација и блискост во семејството.

Алгирдас живее со својата сопруга Рима и нивните три ќерки во северноевропската земја Литванија. Тој вели: „Иако јас одам на работа, а девојчињата во училиште, си го планираме времето за да можеме заедно да вечераме. За време на оброците секој од нас може слободно да зборува за она што му се случило дента и да си ги каже проблемите, мислењата, плановите, да каже што сака и што не сака. Исто така, ова време го користиме за духовни разговори. Без сомнение, заедничките оброци нѐ зближуваат“.

Рима додава: „Кога готвиме заедно со девојчињата, тоа ни дава прилика за доверливи разговори. Девојчињата сакаат да работат заедно низ кујната, а во исто време, учат и вештини што ќе им бидат од корист. На тој начин, можеме да ги споиме работата и задоволството“.

Алгирдас, Рима и нивните ќерки имаат многу благослови затоа што одвојуваат време да јадат заедно. Ако вие не го правите тоа, зошто не се организирате да јадете заедно како семејство, барем еднаш на ден, дури и ако си самохран родител. Благословите ќе ги надминат сите жртви што ќе ги направите.