Популарна забава во првиот век
Популарна забава во првиот век
Безброј повреди и многу мртви, меѓу кои и неколку деца, биле последица од немирите што избиле помеѓу две спротивставени навивачки групи од два соседни града во јужна Италија. Како резултат на оваа трагедија, властите наредиле амфитеатарот да биде затворен десет години.
ИЗВЕШТАИТЕ за вакви немири не се нешто невообичаено за весниците денес. Но, овој конкретен настан се случил пред речиси 2.000 години, за време на владеењето на цезарот Нерон. Римскиот историчар Тацит ги опишал овие немири што се случиле во текот на гладијаторските натпревари во амфитеатарот во Помпеја, кога жителите на овој град се судриле со навивачите од соседниот град Нукерија.
Во првиот век, забавата била многу привлечна за толпите луѓе. Во големите градови во Римското Царство имало театри, амфитеатри и циркуси, а во некои ги имало сите три. Во Атлас на римскиот свет (Atlas of the Roman World) се вели: „Игрите се карактеризирале со огромна опасност и возбуда... [и] систематско крвопролевање“. Секој возач на двоколка си имал своја боја, а секоја екипа претставувала одредена група од општеството, било политичка група било класа. Кај навивачите избувнувала ерупција од овации кога ќе се појавела нивната омилена екипа. Возачите на двоколки станале толку популарни што луѓето си ги украсувале куќите со нивни портрети, а возачите, пак, заработувале огромни пари.
Во градовите се приредувале и гладијаторски игри, како и борби помеѓу луѓе и диви животни, во кои луѓето понекогаш не биле вооружени. Според историчарот Вил Дјурант, „осудувани криминалци, понекогаш облечени во кожи за да личат на животни, им биле фрлани на изгладнети диви ѕверови; во тие случаи смртта настапувала со сите можни болки“.
Оние што уживале во ваквата безбожна забава, навистина биле „со замрачен ум“ и „изгубиле секакво чувство за тоа што е чесно“ (Ефешаните 4:17-19). Во вториот век, Тертулијан напишал: „Меѓу [христијаните] никогаш ниту се зборува, ниту се гледа, ниту се слуша за нешто што е поврзано со лудилото во циркусот, бесрамноста во театарот [и] дивјаштвото во арената“. Денес, и вистинските христијани се претпазливи да не се изложуваат на насилна забава, сеедно од кој медиум доаѓа таа — литература, телевизија или компјутерски игри — имајќи на ум дека Јехова го мрази „оној што го сака насилството“ (Псалм 11:5).
[Слика на страница 30]
Мозаик со возач на двоколка што победил
[Слика на страница 30]
Фреска со маж што се бори со лавица
[Слика на страница 30]
Римски театар од првиот век
[Извор на слика]
Ciudad de Mérida
[Извори на слики на страница 30]
Горе и долу лево: Museo Nacional de Arte Romano, Mérida