Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

„Прекрасна е“

„Прекрасна е“

„Прекрасна е“

Овие зборови ги напишала една брачна двојка од Џорџија (САД) за книгата Што навистина учи Библијата? Оваа книга, со убави слики и 224 страници, беше издадена во 2005 година. Во врска со неа, оваа двојка вели: „Доволно е едноставна за да може речиси секој да ја користи. Сепак, доволно е длабока за да ги задоволи духовните потреби и на најучените луѓе“.

И самиот наслов привлекува внимание, а тоа се гледа од она што ѝ се случило на друга брачна двојка од Њу Џерси (САД). Откако присуствувале на еден конгрес на Јеховините сведоци во Флорида, каде што зеле примероци од книгата, тие отишле на одмор на Бахамите. Додека им го прегледувала багажот, жената што работела на царина ја видела книгата, го прочитала насловот и рекла: „Отсекогаш сум сакала да го дознаам одговорот на ова прашање“. На нејзина голема радост, Сведоците ѝ дале една книга што им била резерва.

Следниот ден, истата оваа брачна двојка ја читала книгата на плажа, кога една продавачка ја забележала. Таа објаснила дека претходно, истиот тој ден, го молела Бог да ѝ го даде одговорот токму на тоа прашање — што навистина учи Библијата? Прашала како може да добие книга и била пресреќна кога оваа брачна двојка ѝ ја дала последната книга што им била вишок.

Книгата Што навистина учи Библијата? сега е достапна на преку 145 јазици, а веќе се отпечатени над 40 милиони примероци. И ти можеш да ја нарачаш ако го пополниш купонот подолу и ако го испратиш на адресата што е наведена на него или на некоја од адресите на 5. страница.

□ Без никакви обврски, нарачувам еден примерок од книгата Што навистина учи Библијата?

Ве молам, стапете во контакт со мене за бесплатно да ја проучувам Библијата.