Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

„Извонреден учебник!“

„Извонреден учебник!“

„Извонреден учебник!“

Ова го напишал еден полновремен проповедник на Јеховините сведоци од Панама во врска со книгата Што навистина учи Библијата? — публикација од 224 страници, со разнобојни слики, која сега се користи за проучување на Библијата во многу делови од светот. „Оваа книга е неверојатно кратка, јасна и уверлива“, напишал тој. „Новиот начин на кој се користат изворите на информации и додатокот просто веднаш те тера да истражуваш уште повеќе.“

Една жена, Јеховин сведок од Мисури (САД), која ги поучува луѓето за Библијата, го вели следново: „Ми се допаѓа едноставниот начин на кој е напишана книгата. Темите се изнесени во најлогичен можен редослед“. Штом излезе книгата Што учи Библијата?, таа ѝ ја однела на една жена која ја проучувала Библијата порано, но се откажала.

„Уште пред да го дочита првото поглавје“, вели Сведокот, „ми се јави за да ми каже колку многу ѝ се допаѓа книгата.“ Госпоѓата рекла дека има чувство како книгата да била напишана токму за неа и изразила желба повторно да ја проучува Библијата. Откако заедно ги проучиле првите десет поглавја, нејзината ‚учителка‘ вели дека навистина било прекрасно да се гледа колку многу се радува оваа госпоѓа на она што го учи.

Иако книгата Што учи Библијата? е достапна помалку од две години, веќе се отпечатени над 50 милиони примероци на повеќе од 150 јазици. И ти можеш да нарачаш примерок ако го пополниш купонот подолу и ако го испратиш на адресата што е наведена на него или на некоја од адресите на 5. страница.

□ Без никакви обврски, нарачувам еден примерок од книгата на сликава.

□ Ве молам, стапете во контакт со мене за бесплатно да ја проучувам Библијата.