Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

4. Точни научни податоци

4. Точни научни податоци

Зошто да ѝ веруваме на Библијата

4. Точни научни податоци

Во нашево време, науката отишла многу напред. Како резултат на тоа, старите теории се заменети со нови. Она што порано се сметало за факт, сега можеби се смета за мит. Учебниците од областа на науката честопати мора да се ревидираат.

БИБЛИЈАТА не е книга што се занимава со наука. Но, кога зборува за теми од науката, не е интересно само она што го кажува, туку и она што не го кажува.

Нема ненаучни гледишта. Во минатото, многу погрешни верувања биле прифатени од луѓето. Во врска со Земјата имало најразлични верувања — дека е рамна или дека ја држат некои материи или предмети. Долго пред науката да сфати како се шират и се спречуваат болестите, лекарите користеле некои постапки што во најмала рака не биле ни малку ефикасни, а во најлош случај завршувале и со смрт. Но, ниту еднаш, во преку 1.100 поглавја што ги има во Библијата, не се поддржува ненаучно гледиште или штетна постапка.

Научно точни изјави. Пред 3.500 години, во Библијата било напишано дека Земјата е обесена „на ништо“ (Јов 26:7). Во осмиот век пр.н.е., Исаија јасно се осврнал на „кругот [или сферата] на земјата“ (Исаија 40:22). Значи во Библијата се зборува дека Земјата, која е со облик на сфера, се наоѓа во празен простор и дека ништо видливо или опипливо не ја држи. Зарем овој опис не звучи многу современо?

Запишан околу 1500 год. пр.н.е., Мојсеевиот закон, кој се наоѓа во првите пет книги од Библијата, содржел мудри закони за тоа дека болните треба да се ставаат во карантин, што треба да се прави ако се допре мртво тело и дека изметот треба да се закопува (3. Мојсеева 13:1-5; 4. Мојсеева 19:1-13; 5. Мојсеева 23:13, 14).

Користејќи моќни телескопи, научниците дошле до заклучок дека вселената „се родила“ наеднаш. Но, ова објаснување не им се допаѓа на сите научници. Еден професор рекол: „Кога вселената би имала почеток, би требало да има и прв причинител; зашто кој би можел да замисли таква последица без доволно добра причина?“ Сепак, долго пред да бидат измислени телескопите, првиот стих од Библијата едноставно вели: „Во почетокот Бог ги создаде небото и земјата“ (1. Мојсеева 1:1).

Иако е многу стара книга и разработува многу теми, во Библијата нема информации што научно не се точни. Зарем една таква книга не заслужува да ѝ обрнеме внимание? *

[Фуснота]

^ пас. 9 Уште примери за научната точност на Библијата има на страници 18-21 во брошурата Книга за сите луѓе, издадена од Јеховините сведоци.

[Слика на страница 8]

Далеку пред своето време, Библијата точно кажала дека Земјата е округла и дека е обесена „на ништо“

[Извор на слика]

U.S. Fish & Wildlife Service, Washington, D.C./NASA