Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Можеш да имаш сигурна иднина!

Можеш да имаш сигурна иднина!

Можеш да имаш сигурна иднина!

Одиш по еден пат и одеднаш наидуваш на место каде што патот се дели. На патоказот за едниот пат пишува: „Имај доверба во луѓето и во нивните ветувања!“, а на другиот: „Имај доверба во Бог и во неговото Царство!“ По кој пат ќе тргнеш?

БИ БИЛО мудро да имаш доверба во Бог. Тој вели: „Кој ме слуша мене, ќе биде спокоен и ќе живее мирно, и нема да се плаши од зло“ (Изреки 1:33). Ние го слушаме нашиот Творец ако ги следиме и ако веруваме во библиските учења (2. Тимотеј 3:16). Дали ваквата доверба е оправдана? Секако! На пример, во втората статија видовме дека само Библијата дава точно објаснување зошто човечките влади се неуспешни. Зарем ова не е во склад со фактите?

Таква точност може да се види и во библиските пророштва. На пример, Библијата ги прорекла ужасните услови што со свои очи ги гледаме во „последните денови“ (Матеј 24:3-7; 2. Тимотеј 3:1-5). Библијата дури прорекла и дека луѓето ќе го загрозат опстанокот на нашата планета. Во Откровение 11:18 стои дека Бог ‚ќе ги уништи оние што ја уништуваат земјата‘.

Пред околу 2.000 години, во времето кога биле запишани овие зборови, било незамисливо луѓето да ги загадат воздухот, водата и почвата, или да предизвикаат глобално затоплување и масовно истребување на некои животински видови. Но, денеска тоа е реалност! Бог никогаш не лаже. Неговата пишана Реч секогаш се исполнува до детаљ a (Тит 1:2; Евреите 6:18). Всушност, Бог гарантира за тоа со своето име.

Име достојно за доверба

Како што потписот го прави чекот важечки така и Божјето лично име — Јехова — гарантира дека сите ветувања запишани во Библијата се сигурни. b Еден библиски писател кој многупати ја доживеал Божјата нежна грижа рекол: „Во неговото свето име ја полагаме довербата“ (Псалм 33:21; 34:4, 6).

Во Изреки 18:10, Божјето име е поврзано со неговата татковска грижа. Таму стои: „Името на Јехова е цврста кула. Во неа бега праведникот и наоѓа заштита“. Нешто слично стои и во Римјаните 10:13: „Секој што го повикува името на Јехова, ќе биде спасен“. Се разбира, Божјето име не е некаква амајлија што нѐ штити од зло. Бог е оној што спасува, а ‚го повикуваат‘ оние што имаат целосна доверба во него бидејќи се свесни дека тој секогаш си стои на зборот. Јехова вели: „Затоа што ми е приврзан, ќе го избавам, ќе го заштитам, бидејќи го познава моето име“ (Псалм 91:14).

Запрашај се: ‚Во кого имам доверба — во Бог или во луѓето?‘ Јеховините сведоци се определија за Бог и за неговото Царство. Но, нивниот избор не се темели на емоции или на лековерност, туку на цврста увереност што произлегува од точното познавање на Библијата (Евреите 11:1; 1. Јованово 4:1). Затоа, наместо да се плашат од иднината, тие ‚се радуваат во надежта‘, а сакаат и ти да ја имаш истата светла надеж (Римјаните 12:12).

[Фусноти]

a Специјалното издание на Разбудете се! од ноември 2007 е целосно посветено на прашањето: „Можеш ли да ѝ веруваш на Библијата?“

b Види ја придружната рамка „Име и гаранција“.

[Истакната мисла на страница 9]

Како што потписот го прави чекот важечки така и Божјето име гарантира дека сите ветувања во Библијата се сигурни

[Рамка на страница 9]

ИМЕ И ГАРАНЦИЈА

Божјето име Јехова не е само средство за идентификација. c Зошто? Тоа име значи „Оној што предизвикува да стане“. Едноставно кажано, Бог ги има љубовта, моќта и мудроста што се потребни да стане сѐ што смета дека е потребно за да ја оствари својата намера и да ја исполни својата Реч. Тој може да стане сѐ што ќе посака — Спасител на праведните, Уништувач на злите, Оној што ги слуша молитвите или драг Татко.

„Јас сум Бог“, вели Јехова. „Јас од почетокот го јавувам завршетокот... Јас велам: ‚Мојата намера ќе се оствари и ќе направам сѐ што сакам‘“ (Исаија 46:9, 10). Бидејќи Бог секогаш верно си стои на зборот, а во прашање е и неговото име, т.е. углед, неговата пишана Реч сигурно ќе се исполни. „Бог не е човек да лаже“ (4. Мојсеева 23:19).

[Фуснота]

c Името Јехова се разликува од титулите Семоќен, Творец, Бог и Господар. Во оригиналниот текст на Светото писмо, може да се сретне околу седум илјади пати. Бог самиот си го дал ова име. Во Осија 12:5 стои: „Господ е Бог Саваот; Јехова е името негово“ (Превод на МПЦ).