„Царот воден од Божјиот дух ни носи благослови“
„Царот воден од Божјиот дух ни носи благослови“
◼ „Човек владее над човек на негова штета.“ Оваа библиска изјава од Проповедник 8:9 е совршен опис на историјата на човечкото владеење. Можеме ли да очекуваме подобро утре, или она што се случуваше во минатото покажува каква ќе ни биде иднината? Ова прашање ќе се разгледа во предавањето што ќе биде изнесено на Обласниот конгрес на Јеховините сведоци за 2008 год., со тема: „Нека те води Божјиот дух“. Говорот со наслов „Царот воден од Божјиот дух ни носи благослови“ ќе се концентрира на Исус Христос — единствениот праведен владетел кој покажал дека вистински нѐ сака со тоа што го дал својот живот за нас (Матеј 20:28).
По што се разликува Исус од останатите владетели? Одговорот ни го дал Божјиот пророк Исаија, кој рекол: „Врз него ќе почива Јеховиниот дух, духот на мудроста и разборитоста, духот на советот и на силата, духот на знаењето и на стравот од Јехова [Бог]. Тој ќе ужива во стравот од Јехова. Нема да суди според она што го гледа, ниту ќе укорува според она што го слуша. По правда ќе им суди на сиромасите, праведно ќе укорува, бранејќи ги кротките на земјата“ (Исаија 11:2-4).
Ако посакуваш еден таков владетел, поканет си да го чуеш предавањето на конгресот, кој е еден од стотиците обласни конгреси што, од овој месец, ќе почнат да се одржуваат низ целиот свет. За да дознаеш каде најблизу ќе има конгрес, стапи во контакт со Јеховините сведоци во твоето место или пиши до издавачите на ова списание на една од адресите на 5. страница. Во нашето придружно списание Стражарска кула од 1 март 2008 год. се наведени локациите на кои ќе се одржат конгресите во Македонија, Србија, Косово и Албанија.