Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Во чии раце е иднината на Земјата?

Во чии раце е иднината на Земјата?

Во чии раце е иднината на Земјата?

„ГЛОБАЛНОТО ЗАТОПЛУВАЊЕ е најголемиот предизвик со кој се соочило човештвото“, стоеше во National Geographic од октомври 2007 год. За да го решиме овој проблем, како што беше спомнато во истото списание, ќе мора „да преземеме брзи и решителни чекори и да покажеме зрелост која ретко сме ја покажале како општество или како човечки род“.

Дали луѓето навистина ќе покажат ваква зрелост? Постојат многу фактори што ги спречуваат во тоа: рамнодушноста, алчноста, неинформираноста, тесноградите интереси, трката по пари во земјите во развој и ставовите на милиони луѓе што не сакаат штедливо да ја трошат енергијата.

Еден Божји пророк од старо време реално ја проценил нашата способност да ги решиме етничките, социјалните и политичките проблеми. Тој напишал: „Патот на земниот човек не е во негова власт. Човекот кој оди не може да управува со своите чекори“ (Еремија 10:23). Трагичната историја на човештвото потврдува дека се точни овие зборови. А денеска, и покрај огромните научни и технолошки достигнувања, ни се закануваат крајно сложени проблеми што не сме ги предвиделе. Според тоа, колку сигурни можеме да бидеме дека нѐ чека подобро утре?

Точно е дека во научните и во политичките кругови честопати се дискутира за решавање на проблемот со климатските промени и со другите негативни појави, но досега не се преземени некои покрупни чекори. На пример, како реагираа државите во светот во 2007 год., кога Северозападниот Премин за првпат стана прооден? Во списанието New Scientist беше даден следниов одговор: „[Тие] безобразно се грабаа за копното што се наѕираше под мразот, само за да дојдат до нафта и до гас“.

Пред речиси 2.000 години, Библијата точно прорекла дека еден ден луѓето ќе „ја уништуваат земјата“ (Откровение 11:18). Сосема е јасно дека на светот му треба мудар и моќен владетел кој ќе може да ги постигне посакуваните цели, но и поданици што ќе му бидат подложни. Дали таа улога би можел да ја одигра некој искрен и вешт политичар или научник? Библијата одговара: „Немајте доверба во достоинствениците, ниту во некој друг земен човек, од кого нема спасение!“ (Псалм 146:3).

Иднината на Земјата е во сигурни раце!

Постои само еден водач што може да ги реши проблемите на човештвото. Еве што прорекла Библијата за него: „Врз него ќе почива Јеховиниот дух, духот на мудроста и разборитоста, духот на советот и на силата, духот на знаењето и на стравот од Јехова [Бог]... По правда ќе им суди на сиромасите,.. со здивот на својата уста ќе ги погуби злите“ (Исаија 11:2-5).

За кого станува збор? Ваквиот опис одговара само на Исус Христос, кој од љубов го дал својот живот за нас (Јован 3:16). Сега тој е моќно духовно суштество на кое Бог му дал и власт и моќ да владее со Земјата (Даниел 7:13, 14; Откровение 11:15).

Една причина зошто Исус е способен владетел е тоа што стекнал огромно знаење за она што Бог го создал уште пред да биде испратен на Земјата. Всушност, пред многу долго време, кога Бог ја создавал вселената, Исус бил неговиот „вешт градител“ (Изреки 8:22-31). Замисли: Исус, оној што помагал при создавањето на Земјата и на живиот свет, ќе преземе водство да се поправи штетата што ѝ ја нанеле луѓето поради својата немарност.

Какви поданици ќе има тој? Тоа ќе бидат кротки и праведни луѓе кои го познаваат вистинскиот Бог, Јехова, и го следат водството на Исус Христос (Псалм 37:11, 29; 2. Солуњаните 1:7, 8). Исус рекол дека тие „ќе ја наследат земјата“, која со текот на времето ќе стане Рај (Матеј 5:5; Исаија 11:6-9; Лука 23:43).

Што треба да сториш за да го доживееш исполнувањето на ветувањата запишани во Библијата? Самиот Исус одговорил на тоа прашање: „За да добијат вечен живот, треба добро да те запознаат тебе, единствениот вистински Бог, и оној кого го испрати, Исус Христос“ (Јован 17:3).

Можеби изгледа дека на нашава планета ѝ се заканува опасност, но можеме да бидеме сосема сигурни дека таа засекогаш ќе остане дом за луѓето. Вистинската опасност им се заканува на оние чии постапки покажуваат дека не го ценат Божјето творештво и не сакаат да му бидат послушни на Исус Христос. Затоа, Јеховините сведоци те поттикнуваат да стекнуваш знаење што ќе води до вечен живот.

[Рамка на страница 8]

И НАУКАТА ИМА СВОИ ГРАНИЦИ

Иако се сосема свесни за последиците, милиони луѓе се дрогираат, се пијанат и пушат, со што си ги трујат и умот и телото. За нив животот не е свет дар од Бог (Псалм 36:9; 2. Коринќаните 7:1). За жал, преовладува сличен став и кон Земјата, па затоа се соочуваме со еколошки проблеми.

Дали науката и световното образование се решение? Не. Како што потврдува и Библијата, неопходно е луѓето повеќе да научат за Јехова бидејќи проблемот пред сѐ лежи во тоа што немаат ист став кон Земјата како што има Творецот. Светото писмо ни ветува дека ќе дојде ден кога на Земјата „нема да се прави зло“ и таа „нема да се пустоши“, зашто „ќе биде полна со знаење за Јехова, како што морето е полно со вода“ (Исаија 11:9).

[Слика на страници 8 и 9]

Под владата на Христос, праведните луѓе ќе ја претворат целата Земја во Рај