Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Помош за ужалените

Помош за ужалените

Помош за ужалените

◼ Таткото на една жена починал кога таа имала само 12 години. Долги години по тој немил настан, ја мачеле немир и депресија. Во едно писмо до подружницата во Канада, таа напишала:

„Никако не можев да се утешам сѐ додека не ја прочитав брошурата Кога ќе умре некој што го сакаш..., која ми помогна да се изборам со моите чувства. Сѐ уште плачам кога ќе помислам колку ми недостига татко ми. Но, додека ја читав оваа брошура и стиховите во неа, размислував, се молев и се исплакав. Оттогаш болката не е толку силна како порано, а Божјите ветувања многу ме тешат.

Зборовите и стиховите од оваа брошура ми ги залечија раните и затоа многу ми значат. Сега ми е многу подобро. Ја препорачувам оваа брошура како најдобра помош за оние што тагуваат по некој што им починал“.

Дали тебе ти починал некој близок и не можеш да се утешиш? Дали ти е потребна помош? Каква надеж за мртвите ни дава Библијата? Можеби ти или некој што го знаеш ќе најде утеха во брошурата со 32 страници Кога ќе умре некој што го сакаш... Можеш да ја нарачаш оваа брошура ако го пополниш купонот подолу и ако го испратиш на адресата што е наведена на него или на некоја од адресите на 5. страница од ова списание.

□ Без никакви обврски, нарачувам еден примерок од брошурата на сликава.

□ Ве молам, стапете во контакт со мене за бесплатно да ја проучувам Библијата.