Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

„Како да го преживееш крајот на светот?“

„Како да го преживееш крајот на светот?“

„Како да го преживееш крајот на светот?“

◼ На што укажува Библијата кога зборува за крајот на светот, односно на сегашниов поредок? На глобална нуклеарна пресметка што ќе го збрише човештвото или на некоја природна катастрофа, како удар од астероид? Интересно е тоа што Библијата вели дека „големо мноштво луѓе“ ќе го преживеат крајот на светот (Откровение 7:9, 10, 14). Кои ќе бидат тие и дали ти можеш да се најдеш меѓу нив?

Овие важни прашања ќе бидат одговорени во предавањето: „Како да го преживееш крајот на светот?“ Ова предавање ќе биде изнесено на конгресите на Јеховините сведоци со тема „БДЕЈТЕ!“, кои од мај ќе почнат да се одржуваат низ целиот свет. Срдечно си поканет да дојдеш на еден од нив. За да дознаеш која е најблиската локација, стапи во контакт со Јеховините сведоци во твоето место или пиши до издавачите на ова списание. Во Стражарска кула од 1 март 2009 год., која исто така ја издаваат Јеховините сведоци, се наведени локациите на кои ќе се одржат конгресите во Македонија, Србија, Косово и Албанија.