‚Во неа најдовме одговор‘
‚Во неа најдовме одговор‘
◼ Така се изразиле голем број млади во врска со книгата Младите прашуваат — делотворни одговори, том 2. „Бев збунета и немав самодоверба“, пишува Џесика. „Оваа книга навистина ме охрабри. Ме утеши сознанието дека многу тинејџери, исто како мене, се соочуваат со проблеми додека се трудат да му служат на Бог. Во книгава најдов одговор на речиси сите мои прашања што ме измачуваа како млада личност“.
Бриен вели: „Книгата ја постигна својата цел. Таа навистина помага да се воспостави добра комуникација помеѓу родителите и децата. Кога сакам да разговарам со мајка ми, едноставно ја земам и ѝ го читам она што сакам да ѝ го кажам. Една моја пријателка исто така реши да разговара за една работа со своите родители откако ја прочита оваа книга“.
Во првите неколку поглавја од книгата е обработена темата што младите најмногу ги интересира — спротивниот пол. Катрина го напиша следново: „Оваа книга ми помогна да донесам цврста одлука да не започнувам врска бидејќи сега не сум спремна за такво нешто, и ќе си останам на таа одлука сеедно што велат другите. Освен тоа, оној што не е во брак има можност да прави прекрасни работи! Не би се откажала од нив уште сега. А кога ќе бидам спремна за врска, ќе ми биде појасно и што да барам кај идниот брачен партнер и што треба да правам“.
Оваа книга можеш да ја нарачаш ако го пополниш долниот купон и ако го испратиш на адресата што е наведена на него или на некоја од адресите на 5. страница од ова списание.
□ Без никакви обврски, нарачувам еден примерок од книгата на сликава.
□ Ве молам стапете во контакт со мене за бесплатно да ја проучувам Библијата.
[Слика на страница 32]
Џесика
[Слика на страница 32]
Бриен
[Слика на страница 32]
Катрина