Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Зошто се плашам да зборувам за мојата вера?

Зошто се плашам да зборувам за мојата вера?

Младите прашуваат

Зошто се плашам да зборувам за мојата вера?

„На училиште, имав многу добри прилики да зборувам за моите верувања. За жал, ги пропуштив“ (Кејлеб). a

„Наставничката нѐ праша што мислиме за еволуцијата. Знаев дека тоа е идеална прилика да зборувам за мојата вера, но целата се вкочанив и не можев да изустам ни збор. Потоа ми беше многу мака“ (Јасмин).

АКО си млад христијанин, можеби и ти си имал слични чувства како Кејлеб и Јасмин. Исто како нив, и ти ги сакаш библиските вистини што си ги научил и сакаш да им ги кажеш на другите, но страв ти е кога помислуваш на тоа. Што ќе ти помогне да бидеш похрабар? Пред почетокот на секоја учебна година, размисли за следниве чекори:

1. Утврди од што се плашиш. Кога помислуваш да им сведочиш на другите, многу е лесно да ти излезе пред очи најлошото сценарио! Но, веројатно нема толку да се плашиш ако ја утврдиш и ја запишеш причината за твојот страв.

Заврши ја следнава реченица:

◼ Ако им сведочам на другите на училиште, може да се случи следново:

․․․․․

Донекаде е утешно да знаеш дека и многу други млади христијани се плашат од истите работи. На пример, Кристофер (14) признава: „Се плашам дека ќе ме исмејуваат и сите ќе зборуваат дека сум чуден“. Кејлеб, кој беше спомнат во почетокот, вели: „Ми беше страв дека нема да знам како да одговорам ако некој ме праша нешто“.

2. Прифати го предизвикот. Дали се плашиш без причина? Не мора да значи. Ешли вели: „Некои соученици се преправаа дека се заинтересирани за моите религиозни верувања, но подоцна го извртуваа она што ќе им го кажев и ме исмејуваа пред другите“. Никол (17) раскажува: „Едно момче провери како е преведен еден библиски стих во неговата и во мојата Библија и најде разлика. Ми рече дека мојата е изменета. Останав без зборови! Едноставно, не знаев што да кажам“. b

Сигурно многу би се уплашил ако се најдеш во една ваква ситуација! Но, наместо да бегаш од ваквите предизвици, прифати ги како нормален дел од твојот христијански живот (2. Тимотеј 3:12). Метју (13) вели: „Ако Исус рекол дека неговите ученици ќе бидат прогонувани, не можеме да очекуваме другите да нѐ сакаат нас или нашите верувања“ (Јован 15:20).

3. Размисли за користите. Може ли да излезе нешто добро од една навидум тешка ситуација? Ембер (21) мисли дека може. Таа вели: „Тешко е да зборуваш за твојата вера со луѓе што не ја ценат Библијата, но тоа ти помага подобро да разбереш во што, всушност, веруваш самиот ти“ (Римјаните 12:2).

Наврати се на ситуацијата што ја опиша во првиот чекор. Наброј најмалку две корисни работи што би можеле да произлезат од неа.

1 ․․․․․

2 ․․․․․

Мала помош: На кој начин тоа што ќе зборуваш за својата вера ќе го намали притисокот од врсниците? Како ќе влијае врз твојата самодоверба? Како ќе влијае врз твоите чувства кон Јехова и врз неговите чувства кон тебе? (Изреки 23:15).

4. Подготви се. „Срцето на праведникот промислува што ќе одговори“, стои во Изреки 15:28. Освен што ќе планираш што да кажеш, обиди се да предвидиш што би можеле да те прашаат. Истражувај на овие теми и размисли како ти е најлесно да одговориш. (Види ја табелата „ Испланирај што да одговориш“, на 25. страница.)

5. Почни го разговорот. Сега си спремен да зборуваш за своите верувања, но како да почнеш? Па, има неколку начини. Сведочењето би можеле да го споредиме со пливање — некои луѓе влегуваат во водата полека, а други веднаш скокнуваат во неа. Слично на тоа, и ти би можел да почнеш општ разговор и полека да „влезеш во водата“. Меѓутоа, ако премногу се плашиш нешто да не тргне во погрешен правец, подобро би било „веднаш да скокнеш“ (Лука 12:11, 12). „Повеќе ми е страв кога размислувам како ќе им сведочам на другите отколку кога навистина го правам тоа“, вели 17-годишниот Ендрју. „Штом ќе почнам да зборувам, сфаќам дека е многу полесно отколку што сум си мислел!“ c

6. Биди разумен. Внимавај да не западнеш во бесмислено препирање, зашто тоа е исто толку неразумно како да скокнеш во плитка вода. Не заборавај, има време за зборување и време за молчење (Проповедник 3:1, 7). Дури и Исус не одговарал на сите прашања (Матеј 26:62, 63). Запомни го ова начело: „Паметниот човек го гледа злото и се трга, а глупавите одат понатаму и ја трпат казната“ (Изреки 22:3).

Затоа, ако насетиш дека разговорот може да прерасне во кавга, немој да ‚одиш понатаму‘. Дај краток и тактичен одговор. На пример, ако некој од соучениците подбивно те праша зошто не пушиш, би можел да му одговориш дека немаш намера да се труеш. Во зависност од неговата реакција, би можел да одлучиш дали подетално да му ги објасниш твоите верувања.

Овие неколку чекори можат да ти помогнат ‚секогаш да бидеш спремен за одбрана‘ на твојата вера (1. Петрово 3:15). Се разбира, тоа што ќе бидеш спремен не значи дека ќе немаш трема. Но, Алејна (18) вели: „Кога се трудиш да ги објасниш своите верувања и покрај тоа што се плашиш, имаш чувство дека си постигнал нешто — си го совладал стравот и си ризикувал да наидеш на негативна реакција. Но, ако наидеш на позитивна реакција, ќе бидеш уште посреќен! Ќе ти биде многу мило што си собрал смелост да сведочиш“.

[Фусноти]

a Некои имиња во оваа статија се сменети.

b Постојат разлики од еден до друг библиски превод. Меѓутоа, некои поточно го пренесуваат значењето од изворните јазици на кои била напишана Библијата.

c Види ја рамката  „Како да започнеш разговор“, на 26. страница.

РАЗМИСЛИ

Можно ли е некој твој соученик да си мисли...

‚Знам дека си Јеховин сведок. Можеби мислиш дека ќе те исмејувам, но јас те почитувам. Како можеш да бидеш толку смирена кога во светот има толку проблеми? Јас се плашам. Ќе избие ли скоро нова војна? Ќе се разведат ли моите родители? Ќе успеам ли да се вратам денес од училиште без некој да ме натепа? Јас имам толку многу прашања, но ти имаш јасна цел во животот. Дали твојата религија ти помага во тоа? Би сакала да разговараме, но незгодно ми е да почнам. Ќе почнеш ли ти?‘

[Рамка/слики на страница 26]

ШТО ВЕЛАТ ДРУГИ МЛАДИ

„Некои соученици ми се смеат кога зборувам за мојата вера. Но, обично ме оставаат на мир штом ќе сфатат дека тоа не ме нервира“ (Франческа, Луксембург).

„Ако не си кажеш дека си христијанин, би можел да заборавиш кој си и да станеш како другите. Зошто да се поведуваш по нив? Имај свое јас“ (Саманта, САД).

„Кога бев помал, не сакав да се разликувам од другите деца. Но, подоцна сфатив дека мојата вера ми помага да водам подобар живот. Тоа ми ја зголеми самодовербата и ми помогна да се гордеам со моите убедувања“ (Џејсон, Нов Зеланд).

[Рамка на страница 26]

 КАКО ДА ЗАПОЧНЕШ РАЗГОВОР

„Што ќе правиш ова лето?“ [Почекај да одговори, а потоа спомни кои се твоите планови на духовно поле, на пример, да одиш на конгрес или да учествуваш повеќе во службата.]

◼ Спомни нешто што си го чул на вестите, а потоа прашај: „Слушна ли за тоа?“

„Мислиш ли дека ќе се реши светската финансиска криза [или некој друг проблем]? [Почекај да одговори.] Зошто мислиш така?“

„Си ја читал ли Библијата?“

„Како си го замислуваш животот после пет години?“ [Откако ќе одговори, кажи кои се твоите духовни цели.]

[Табела на страница 25]

 (Види во публикацијата)

Испланирај што да одговориш

Исечи го ова!

Предлог: Дискутирај за оваа табела со родителите и со пријателите. Дополни ги празните полиња и размисли кои други прашања би можеле да ти ги постават соучениците.

Морал

Прашање

Што мислиш за хомосексуалноста?

Одговор

Не ги мразам хомосексуалците туку нивното однесување.

Следно прашање

Зарем тоа не е предрасуда?

Истражување

1. Кор. 6:9, 10; Младите прашуваат — делотворни одговори, том 2, поглавје 28. d

Одговор

Не, затоа што сум против секаков неморал, а не само против хомосексуалноста.

Започнување врска

Прашање

Зошто немаш дечко/девојка?

Одговор

Одлучив да не почнувам врска пред да бидам доволно возрасен/возрасна.

Следно прашање

Дали твојата религија ти забранува?

Истражување

Песна над песните 8:4; Младите прашуваат — делотворни одговори, том 2, поглавје 1.

Одговор

Не. Ние започнуваме врска само ако планираме брак, а јас не сум спремен/спремна за тоа!

Неутралност

Прашање

Зошто не стоиш на химната?

Одговор

Ја почитувам земјата во која живеам, но не ја обожавам.

Следно прашање

Значи ли тоа дека нема да ја браниш татковината?

Истражување

Исаија 2:4; Јован 13:35; Што навистина учи Библијата?, страници 148-151. e

Одговор

Не. Но, и милиони други Јеховини сведоци нема да се борат против оваа земја.

Крв

Прашање

Зошто не прифаќате трансфузија?

Одговор

Би прифатил/а инфузија на други течности со кои не би добил СИДА. Но, Библијата вели да се воздржуваме од крв, па затоа не прифаќам трансфузија.

Следно прашање

Но, што ако тоа може да ти го спаси животот? Нема ли Бог да ти прости?

Истражување

Дела 5:28, 29; Евреите 11:6; книгата Што учи, Библијата, страници 129-131.

Одговор

Одлуки

Прашање

Тој и тој е Сведок и го направи тоа и тоа. Зошто да не можеш и ти?

Одговор

Ние учиме за Божјите заповеди. Никој не нѐ присилува на нешто. Секој сам одлучува што ќе прави.

Следно прашање

Значи секој си прави како што му одговара?

Истражување

Одговор

Создавање

Прашање

Зошто не веруваш во еволуција?

Одговор

Зошто да верувам кога не веруваат ни сите научници, а тие би требало најдобро да знаат дали е точна или не?

Следно прашање

Истражување

Одговор

[Фуснота]

d Издадена од Јеховините сведоци.

e Издадена од Јеховините сведоци.

[Слика на страница 26]

Сведочењето е како пливање — во водата можеш да влезеш полека или да скокнеш веднаш!