Би сакал ли да бидеш Божји пријател?
Би сакал ли да бидеш Божји пријател?
● Како би одговорил на ова прашање? Една девојка која живее во длабоката внатрешност на мексиканската сојузна држава Гереро рекла дека, според неа, тоа не е можно. Две девојки кои се Јеховини сведоци ѝ ја покажале брошурата Ти можеш да бидеш Божји пријател! на нејзиниот мајчин јазик. Таа се зачудила дека оваа брошура постои и на јазикот тлапанеко, бидејќи единствените публикации на овој јазик што дотогаш ги имала видено биле публикациите на владата.
Двете девојки објасниле дека токму оваа публикација е доказ дека Творецот ја сака бидејќи преку неа би можела да го запознае. Таа одушевено почнала да ја чита првата лекција со наслов „Бог те повикува да му станеш пријател“. Откако ја дочитала, рекла: „Сакам да му бидам пријател на Бог. Можете ли да ми набавите Библија?“ Кога Сведоците се вратиле со Библија, нејзината мајка ги замолила да останат и да им кажат повеќе.
Јазикот тлапанеко е еден од 17-те индијански јазици во Мексико на кои е издадена брошурата Ти можеш да бидеш Божји пријател! Низ целиот свет, оваа брошура постои на 278 јазици (меѓу другото, и на Брајово писмо). Ако сакаш да ја добиеш оваа брошура, пополни го купонот и испрати го на адресата што е наведена на него или на некоја од адресите на 5. страница од ова списание.
□ Без никакви обврски, нарачувам еден примерок од брошурата што е на сликата.
□ Ве молам стапете во контакт со мене за бесплатно да ја проучувам Библијата.