Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Како да стекнам поголема самопочит?

Како да стекнам поголема самопочит?

Младите прашуваат

Како да стекнам поголема самопочит?

ДА | НЕ

Дали си задоволен кога ќе се погледнеш во огледало?

Мислиш ли дека вистински те бива за нешто?

Можеш ли да му се спротивставиш на притисокот од врсниците?

Можеш ли да прифатиш критика што е на место?

Можеш ли да се справиш со неоснованите забелешки на другите?

Се чувствуваш ли сакан?

Се грижиш ли за своето здравје?

Се радуваш ли на туѓиот успех?

Дали општо земено се сметаш себеси за успешен?

Ако на неколку од овие прашања одговори со ‚не‘, веројатно поради твојата ниска самопочит не ги гледаш твоите јаки страни. Оваа статија ќе ти помогне да ги видиш!

ПОВЕЌЕТО млади се борат со чувство дека не се доволно убави или способни во однос на другите. Дали и тебе те мачат вакви чувства? Ако да, биди свесен дека не си ни прв ни последен!

„Се разочарувам кога гледам колку маани имам. Обично, самата сум си најстрогиот судија“ (Лора). *

„Колку и да си убава или убав, секогаш има некој што е поубав од тебе“ (Христина).

„Многу сум срамежлива во друштво. Страв ми е дека другите ќе ме сметаат за изгубен случај“ (Рената).

Ако и ти се бориш со вакви чувства, не очајувај. Постои решение. Разгледај три работи што можат да ја зголемат твојата самопочит и да ти помогнат да стекнеш попозитивно гледиште за себеси.

1. Најди добри пријатели

Главен стих. „Вистинскиот пријател сака во секое време, и брат станува во неволја“ (Изреки 17:17).

Што вклучува тоа. Еден добар пријател може да ти даде силна поддршка кога ти е тешко (1. Самоилова 18:1; 19:2). Самата помисла дека некому му значиш може емоционално да те подигне (1. Коринќаните 16:17, 18). Затоа, биди близок со оние што влијаат позитивно врз тебе.

„Вистинските пријатели нема да дозволат да останеш потиштен“ (Даниел).

„Понекогаш е најважно да знаеш дека некој ти го мисли доброто. Тоа ти дава чувство дека вредиш нешто“ (Елена).

Предупредување: Пред пријателите треба да се чувствуваш слободен да бидеш вистинскиот ти, а не да се правиш нешто што не си (Изреки 13:20; 18:24; 1. Коринќаните 15:33). Ако си спремен на сѐ само за да ги импресионираш другите, на крајот ќе се чувствуваш понижен и искористен (Римјаните 6:21).

Пополни. Напиши го името на некој пријател што може да ја зголеми твојата самопочит.

․․․․․

Зошто не се договориш да поминуваш повеќе време со него/неа? (Забелешка: Лицето не мора да биде на твоја возраст.)

2. Биди самопожртвуван

Главен стих. „Повеќе усреќува давањето отколку примањето“ (Дела 20:35).

Што вклучува тоа. Кога им помагаш на другите, си помагаш и себеси. Како? Една библиска изрека гласи: „Душата која великодушно дава, и самата ќе биде добро нахранета, и кој обилно ги напојува другите, и самиот ќе биде обилно напоен“ (Изреки 11:25). Биди сигурен дека кога им помагаш на другите имаш подобро мислење за себе. *

„Размислувам што да сторам за другите и се трудам да помогнам некому од собранието што има некаква потреба. Кога покажувам љубов и одвојувам време за другите, се чувствувам подобро“ (Бријана).

„Христијанската служба влијае многу позитивно бидејќи те тера да престанеш да мислиш на себе и да почнеш да размислуваш за другите“ (Марко).

Предупредување: Немој да им помагаш на другите само за да добиеш нешто за возврат (Матеј 6:2-4). Дарежливоста од погрешни мотиви е бескорисна и, обично, другите лесно можат да те прочитаат! (1. Солуњаните 2:5, 6).

Пополни. Обиди се да се сетиш на некој кому си му помогнал порано. Кој е тоа и што направи за него/неа?

․․․․․

Како се чувствуваше потоа?

․․․․․

Размисли на кого друг би можел да му помогнеш, и напиши како.

․․․․․

3. Не се откажувај кога ќе згрешиш

Главен стих. „Сите згрешија и не ја одразуваат Божјата слава“ (Римјаните 3:23).

Што вклучува тоа. Факт е дека си несовршен. Тоа значи дека на моменти ќе кажеш или ќе направиш нешто погрешно (Римјаните 7:21-23; Јаков 3:2). Иако не можеш да избегнеш да грешиш, можеш да ја контролираш твојата реакција кога ќе згрешиш. Библијата вели: „Ако праведникот падне и седум пати, пак ќе стане“ (Изреки 24:16).

„Понекогаш почнуваме да чувствуваме ниска самопочит кога нашите слабости ги споредуваме со нечии јаки страни“ (Кевин).

„Секој си има и добри и лоши особини. Треба да се гордееме со добрите и да се трудиме да ги поправиме лошите“ (Лорен).

Предупредување: Немој да ја користиш несовршеноста како изговор за да правиш грев (Галатите 5:13). Ако намерно грешиш, ќе изгубиш нешто многу важно — доброто мислење што Јехова го има за тебе (Римјаните 1:24, 28).

Пополни. Наведи една особина во која би сакал да се подобриш.

․․․․․

До особината што ја наведе напиши го денешниот датум. Побарај материјал што ќе ти помогне да се подобриш и по еден месец провери како ти оди.

Твојата вистинска вредност

Библијата вели дека „Бог е поголем од нашето срце“ (1. Јованово 3:20). Тоа значи дека тој гледа кај тебе нешто добро за кое ти не си ни свесен. Но, дали твоите маани го менуваат тоа? За споредба, замисли си дека имаш банкнота од 1.000 денари која е поткината. Дали поради тоа би ја фрлил или би ја сметал за безвредна? Секако дека не! Таа вреди 1.000 денари, сеедно дали е поткината или не.

Така и Бог гледа на твојата вредност. Тој го забележува и го цени трудот што го вложуваш за да ги правиш работите исправно, сеедно колку безначајно ти изгледа тоа тебе! Библијата нѐ уверува дека „Бог не е неправеден, па да го заборави вашето дело и љубовта што ја покажавте кон неговото име“ (Евреите 6:10).

[Фусноти]

^ пас. 15 Некои имиња во оваа статија се сменети.

^ пас. 30 Ако си Јеховин сведок, помисли колкава радост може да чувствуваш ако разговараш со другите за Божјето Царство (Исаија 52:7).

РАЗМИСЛИ

Што ќе сториш ако осетиш дека почнуваш да ја губиш самопочитта бидејќи...

● врсниците те критикуваат?

● мислиш дека другите се подобри од тебе?

● ги забележуваш само своите слабости?

[Истакната мисла на страница 27]

„Некој може да е многу убав, а да мисли дека е грд. И обратно — некој може да не е толку привлечен а да смета дека е симпатичен. Сѐ е до ставот“ (Алиса).

[Рамка/слики на страница 27]

ШТО ВЕЛАТ ДРУГИ МЛАДИ

Дури и на најцврстата градба ѝ треба потпора, а понекогаш и поправки. Честопати, мојата потпора беа љубезните зборови на некој пријател, па дури и нечија насмевка или прегратка.

Наместо да се чувствуваме лошо поради добрите особини на другите, тие би можеле да ни користат — како што и ним би можеле да им користат нашите добри особини.

[Слики]

Обри

Лорен

[Слика на страница 28]

Вредноста на една банкнота не се намалува само затоа што е поткината. Така и твојата вредност во Божји очи не се намалува поради мааните