Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Како можеш да станеш близок со Бог?

Како можеш да станеш близок со Бог?

Како можеш да станеш близок со Бог?

Библијата вели: „Приближете му се на Бог, и тој ќе ви се приближи вам!“ (Јаков 4:8). Веруваш ли дека луѓето можат да имаат срдечен и близок однос со Творецот? Пред да одговориш на ова прашање, ќе ти бидат потребни точни одговори на уште посуштински прашања, како на пример:

Дали Бог постои?

Ако постои, дали комуницира со луѓето? На кој начин?

Дали Библијата е доказ за таа комуникација? Како да бидеме сигурни?

Ова се можеби најважните прашања што би можеле да си ги поставиме, а ќе бидат обработени во библиското предавање „Како можеш да станеш близок со Бог?“ Тоа ќе биде изнесено во рамките на Обласните конгреси на Јеховините сведоци со тема „Остани близок со Јехова“, кои од мај ќе почнат да се одржуваат низ целиот свет.

Срдечно си поканетда дојдеш. За да дознаеш која е најблиската локација, стапи во контакт со Јеховините сведоци во твоето место или пиши до издавачите на ова списание. Во Стражарска кула од 1 март 2010 год., која исто така ја издаваат Јеховините сведоци, и на веб-страницата www.pr418.com се наведени локациите на конгресите во Македонија, Србија, Косово и Албанија.