Како да го објаснам библискиот став кон хомосексуалноста?
Младите прашуваат
Како да го објаснам библискиот став кон хомосексуалноста?
На една церемонија за доделување награди, две популарни актерки си честитаат со страстен бакнеж. Публиката занемува од изненадување, но потоа бурно ги поздравува со аплауз и овации! За хомосексуалците ова е победа, а за скептиците обид да се привлече вниманието на јавноста. Како и да е, следните неколку денови, на сите вести ќе се вртат снимки од овој бакнеж, а на интернет милион пати ќе бидат отворени сајтови поврзани со тој настан.
КАКО што покажува овој измислен пример, кога некоја славна личност се изјаснува како геј, лезбејка или бисексуалец, тоа обично е главна вест во медиумите. Некои ги пофалуваат таквите за нивната храброст, а други го осудуваат нивниот развратен живот. Трети, пак, ја сметаат хомосексуалноста едноставно за алтернативен животен стил. Даниел (21) вели: „Додека одев на училиште, дури и децата што беа стрејт мислеа дека, ако не ја одобруваш хомосексуалноста, имаш предрасуди и ги осудуваш другите“. a
Во различни земји и меѓу различни генерации може да има различен став кон хомосексуалноста. Но, христијаните не „ги носи ваму-таму секој ветар на учењето“ (Ефешаните 4:14). Напротив, тие се држат за библискиот став.
Што навистина вели Библијата за хомосексуалноста? Ако живееш според библиските мерила за исправно и погрешно, како би можел да им одговориш на оние кои велат дека имаш предрасуди, дека ги осудуваш другите, па дури и дека си хомофоб? Еве неколку прашања и предлози.
Што вели Библијата за хомосексуалноста? Библијата јасно покажува дека Бог имал намера сексот да биде интимна врска исклучиво помеѓу маж и жена, и тоа маж и жена кои се во брак (1. Мојсеева 1:27, 28; 3. Мојсеева 18:22; Изреки 5:18, 19). Кога во Библијата е осуден блудот, тогаш се мисли на сексуални активности што ги вршат и хомосексуалци и хетеросексуалци b (Галатите 5:19-21).
Ако некој праша: „Што мислиш ти за хомосексуалноста?“
Би можел да одговориш: „Не ги мразам хомосексуалците, но не го одобрувам нивниот начин на живот“.
Исус Навин 24:15). Немој да се срамиш од твојот став (Псалм 119:46).
✔ Не заборавај: Ако живееш според библиските морални мерила, тоа е твој избор на животен стил и твое право (Зарем не би требало христијаните да постапуваат со почит со сите луѓе, без оглед на нивната сексуална ориентација? Апсолутно! Библијата вели: „Почитувајте го секого“ (1. Петрово 2:17). Според тоа, христијаните не се хомофоби. Тие се љубезни кон сите, а тука спаѓаат и оние што се геј (Матеј 7:12).
Ако некој праша: „Зарем вашиот став кон хомосексуалноста не ги поттикнува другите да имаат предрасуди кон хомосексуалците?“
Би можел да одговориш: „Она што не го одобрувам кај хомосексуалците е нивниот начин на живот, а не самите нив“.
✔ Потоа, би можел да кажеш: „На пример, јас сум избрал и да не пушам. Одвратна ми е дури и самата помисла на пушење. Но, да речеме дека ти си пушач и имаш поинаков став. Тоа не би значело дека имам предрасуди кон тебе поради тоа што имаш такво гледиште, како што не би значело дека ти имаш предрасуди кон мене поради моето гледиште, нели? Истото важи и за разликите во нашите ставови кон хомосексуалноста“.
Зарем Исус не проповедал толеранција? Тогаш, зарем не би требало и христијаните да бидат потолерантни во поглед на хомосексуалноста? Исус не ги поттикнувал своите следбеници да ги прифатат како нормални сите животни стилови. Тој ги поучил дека може да биде спасен „секој што верува во него“ (Јован 3:16). Да се верува во него значи и да се следат Божјите мерила за исправно и погрешно. Според тие мерила, забранети се некои работи, како што е хомосексуалноста (Римјаните 1:26, 27).
Ако некој рече: „Хомосексуалците не можат да ја сменат својата сексуална ориентација. Такви се родени“.
Би можел да одговориш: „Библијата не коментира од кои причини некој е хомосексуалец, иако признава дека некои карактеристики можат да бидат длабоко вкоренети (2. Коринќаните 10:4, 5). Дури и ако некого го привлекуваат лица од истиот пол, Библијата им вели на христијаните да не се впуштаат во хомосексуални активности“.
✔ Предлог: Наместо да влезеш во дебата околу причините за хомосексуалните желби, истакни дека Библијата забранува хомосексуален начин на живот. Би можел да го дадеш и следниов пример: „Многумина тврдат дека насилното однесување е наследно и дека затоа некои луѓе се генетски предодредени да бидат насилни (Изреки 29:22). Да речеме дека тоа е точно. Како што можеби знаеш, Библијата ја осудува избувливоста (Псалм 37:8; Ефешаните 4:31). Дали сметаш дека не е фер да се постави вакво мерило затоа што некои луѓе се насилни по природа, едноставно такви се родени?“
Како може Бог да му каже на оној што го привлекуваат лица од истиот пол да не биде геј? Тоа е сурово. Ваквиот заклучок се темели на искривеното гледиште дека луѓето мораат да ги задоволат своите сексуални желби. Библијата покажува дека луѓето можат да изберат да не ги задоволат своите неисправни сексуални нагони ако навистина сакаат да го сторат тоа (Колошаните 3:5).
Ако некој рече: „Дури и да не си геј, треба да го смениш ставот кон хомосексуалноста“.
Би можел да одговориш: „Да речеме дека јас не го одобрувам коцкањето, а ти го одобруваш. Дали би било разумно да инсистираш да го сменам мојот став само затоа што милиони луѓе се коцкаат?“
✔ Не заборавај: Повеќето луѓе (вклучувајќи ги и хомосексуалците) имаат некакви етички принципи и осудуваат извесни работи, како на пример измама, неправда или војна. И Библијата ги осудува овие работи, а осудува и некои видови сексуално однесување, меѓу кои е и хомосексуалноста (1. Коринќаните 6:9-11).
Библијата не е ниту неразумна ниту шири предрасуди. Од оние што ги привлекуваат лица од ист пол таа го бара истото што го бара и од оние што ги привлекуваат лица од спротивниот пол — да ‚бегаат од блуд‘ (1. Коринќаните 6:18).
Факт е дека милиони хетеросексуалци кои сакаат да ги следат библиските мерила се контролираат себеси, без разлика со какви искушенија се соочуваат. Многумина од нив се самци кои немаат многу изгледи за брак или се во брак со хендикепирано лице кое не може да има сексуални односи. Тие живеат среќно без да ги задоволуваат своите сексуални нагони. Лицата со хомосексуални желби можат да го сторат истото ако навистина сакаат да го радуваат Бог (5. Мојсеева 30:19).
[Фусноти]
a Имињата во оваа статија се сменети.
b Библискиот израз „блуд“ укажува не само на сексуален однос туку и на одредени сексуални активности — на пример, милување на половите органи на друго лице, како и орален и анален секс.
РАЗМИСЛИ
● Зошто Бог им дава на луѓето морални закони?
● Каква корист имаш од тоа што ги следиш библиските морални закони?
[Рамка на страница 24]
ШТО Е СО БИСЕКСУАЛНОСТА?
Иако бисексуалноста може да се сретне и кај двата пола, изгледа дека таа сѐ повеќе се шири меѓу девојките. Разгледај неколку причини за тоа.
● Внимание
„Машките отворено признаваат дека им се допаѓаат лезбејки. Некои девојки кои немаат самодоверба се спремни на сѐ само за да им се допаднат на момчињата“ (Џесика, 16).
● Љубопитност
„Кога во филмовите, на ТВ и во песните се зборува за девојки што се бакнуваат со девојки, тинејџерките се на искушение и самите да пробаат такво нешто, особено ако не гледаат ништо лошо во тоа“ (Лиса, 26).
● Привлечност
„На една забава запознав две бисексуалки. Потоа, од една другарка дознав дека им се допаѓам. Со едната од нив почнавме да си праќаме пораки, па кај мене се родија чувства спрема неа“ (Вероника, 13).
Ако сакаш да му угодиш на Бог, немој да се впушташ во работи што Библијата ги опишува како нечисти (Ефешаните 4:19; 5:11). Но, што ако навистина те привлекуваат лица и од двата пола? Многумина ќе те поттикнат едноставно да ја прифатиш својата сексуалност и да станеш бисексуалец. Меѓутоа, имај на ум дека привлечноста кон лица од истиот пол честопати е само минлива фаза. До таков заклучок дошла и Лизет (16). Таа вели: „Многу ми олесни откако разговарав со родителите за моите чувства. Освен тоа, на часовите по биологија дознав дека, за време на пубертетот, нивото на хормони во организмот може значително да варира. Уверена сум дека ако младите подобро се информираат за своето тело, би сфатиле дека привлечноста кон лица од истиот пол може да биде привремена и повеќе не би чувствувале притисок да станат геј“.
Дури и ако твоите чувства кон лица од истиот пол се подлабоки, а не само минлива фаза од младоста, Библијата кажува дека можеш да успееш — можеш да избереш да не постапиш во склад со своите погрешни желби. c
[Фуснота]
c Нешто повеќе на оваа тема може да прочиташ во 28. поглавје со наслов „Како да речам ‚не‘ на хомосексуалноста?“, од книгата Младите прашуваат — делотворни одговори, том 2, издадена од Јеховините сведоци.
[Слика на страница 23]
Христијаните имаат храброст да се разликуваат од другите