Техниката на пливање на лососот
Случајно или создадено?
Техниката на пливање на лососот
● За да се мрестат, многу видови лососи пливаат спроти течението на водата, која на некои места е многу дива. Како успеваат да го издржат напорното патување без да се преморат? Така што ги користат немирните води наместо да бидат совладани од нив. На кој начин?
Размисли: Лососите не се борат со разбрануваната вода. Кога пливаат спроти течението на реката, тие штедат сила користејќи ги минијатурните вртлози што се создаваат онаму каде што водата наидува на карпи, гранки и други препреки. Додека вртлозите се формираат наизменично на двете страни од препреката, овие риби го извиваат своето телото провлекувајќи се низ празнините помеѓу вртлозите. (Види ја шемата.) Некои риби што пливаат во јато се движат со помош на вртлозите што ги создаваат рибите пред нив. Лососот може да ги користи дури и вртлозите што ги создава со сопственото тело.
Истражувачите се надеваат дека од лососот ќе научат како да добиваат енергија од водите што бавно течат. Хидроцентралите можат да произведат електрична енергија само ако водата се движи со брзина од околу 5 јазли (9 километри на час) или побрзо. Но сега, еден прототип кој ги користи вибрациите од вртлозите може да произведе електрична енергија од вода што се движи со брзина од околу 2 јазли (3 километри на час). a Меѓутоа, оваа технологија е сѐ уште многу далеку од софистицираноста што може да се види кај риби како што е лососот. Професор Мајкл Берницас, од Универзитетот во Мичиген (САД), признава: „Засега, рибите се попаметни од нас“.
Што мислиш? Дали способноста на лососот да ја користи енергијата од вртлозите настанала случајно или е дело на мудар Творец?
[Фуснота]
a Ова е значајно достигнување ако се земе предвид дека повеќето води на нашата планета течат со брзина помала од 3 јазли.
[Извор на слика на страница 25]
Горе: © photolibrary. Сите права ги задржува издавачот.