Имав многу исполнет живот
Имав многу исполнет живот
Раскажала Херавати Нојхарт
Родена сум во Чиребон (Индонезија), град познат по облеката направена од батик, печатена ткаенина со живописни, рачно исцртани мотиви. На некој начин, и мојот мисионерски живот беше како оваа ткаенина — исполнет со многу средби со луѓе од најразлични култури од Југоисточна Азија и на Јужниот Пацифик. Да ви објаснам.
ВО 1962 год., кога имав десет години, мајка ми почна да ја проучува Библијата со Јеховините сведоци. Со текот на времето таа и татко ми, и двајцата Кинези родени во Индонезија, како и пет нивни деца, од кои едно бев јас, станаа Сведоци.
Мисионерите и патувачките надгледници што доаѓаа да го посетат и духовно да го изградат собранието многу често спиеја кај нас. Нивниот убав пример и охрабрувачките разговори ми оставија силен впечаток. На 19 години и јас решив да почнам со полновремена служба. По околу една година се омажив за Јозеф Нојхарт, мисионер од Германија кој дошол во Индонезија во 1968 год. По медениот месец се преселивме на Суматра, кој е втор по големина од над 17.000 острови на Индонезија. Таму го придружував Јозеф, кој служеше како патувачки надгледник, односно ги посетуваше собранијата на Јеховините сведоци.
Службата на Суматра
Нашата покраина, односно областа на која требаше да проповедаме, се протегаше од жешкиот и бучен град Паданг на Западна Суматра, па сѐ до прекрасното вулканско езеро Тоба, вгнездено во планините на Северна Суматра. Подоцна ги посетувавме собранијата на јужниот дел на островот. Постојано бевме во движење со нашата стара Буба, која подрипнуваше на дупките по патиштата низ џунглата додека минувавме низ расклатени мостови направени од кокосови дрвја и возевме по работ на вулканите што се извишуваа над нас — некои заспани, а други активни. Навечер спиевме на земја во едноставни колипки од гранки во кои немаше ни струја, ни водовод ни купатило. Се капевме и перевме во езерата и реките. Животот ни беше едноставен и многу ги засакавме луѓето. Беа гостопримливи и срдечни, нѐ канеа да јадеме со нив и мнозина сакаа да научат повеќе за Библијата.
Во околината на Паданг живее народот Минангкабау, а поголемиот дел од него е од муслиманска вероисповед. Луѓето беа пријатно изненадени кога ќе им покажевме од 5. Мојсеева 6:4). Мнозина со задоволство зедоа од списанијата Стражарска кула и Разбудете се!, а некои подоцна почнаа да ја проучуваат Библијата. Луѓето од народот Батак, кои живеат покрај езерото Тоба и главно се христијани, го знаеја Божјето име, Јехова, затоа што го имаше во Библијата на нивниот јазик (Псалм 83:18). Сепак, им беше потребно појасно да разберат некои работи за Бог и за неговата намера со човештвото. Многу од нив почнаа да ја проучуваат Библијата и станаа ревносни христијански проповедници.
Библијата дека Бог е еден, а не дел од тројство, како што тврдат останатите христијански религии (Проповедаме на Јава
Во 1973 год. бевме испратени на Јава, остров голем колку половина Велика Британија, на кој имаше преку 80 милиони жители. * Зборувавме за добрата вест со луѓето од три етнички групи — Јаванци, Сунданци и Кинези.
Бидејќи имам кинеско–индонезиско потекло, зборувам повеќе јазици — јавански, сундски и индонезиски, како и англиски. Затоа можев да водам многу интересни разговори на темел на Библијата со луѓето на нивниот мајчин јазик.
Во главниот град на Индонезија, Џакарта, кој се наоѓа на Јава, на една 19-годишна девојка што изгледаше многу потиштено ѝ објаснив дека еден ден ќе можеме да живееме вечно во Рај на Земјата. Додека ѝ читав од Библијата, таа се расплака и, користејќи израз со кој на нејзиниот јазик се изразува наклоност и почит, ми рече: „Ти благодарам, тетко, што ми ги кажа овие работи“. Потоа ми објасни: „До утре треба да доплатам 1,5 милион рупии (160 американски долари) на факултет, и размислував да си ја продадам невиноста за да најдам пари. Пред да дојдеш, го молев Бог да ми каже што да правам. Сега го добив одговорот. Ќе го одложам студирањето и ќе останам морално чиста“. Оваа девојка со радост прифати да дознае нешто повеќе за Библијата.
По таа случка уште многу Јаванци, меѓу кои имаше и Сунданци и Кинези, направија промени за да живеат според моралните мерила од Божјата реч. Ова, пак, ги исполни со вистински внатрешен мир и среќа, токму како што ветил Бог (Исаија 48:17, 18).
Калимантан — дом на народот Дајак
Од Јава, со Јозеф се преселивме во Калимантан, индонезиска провинција на Борнео, остров кој е трет по големина во светот (по
Гренланд и Нова Гвинеја). Борнео е земја со густи џунгли и карпести планини, а во неа живеат Кинези, Малајци-муслимани и староседелците од народот Дајак, чии припадници живеат главно покрај реките и некогаш биле свирепи ловци на глави.За да дојдеме до подалечните заедници на овој народ обично патувавме со чамец или кану по незагадените реки низ џунглата. На бреговите се сончаа големи крокодили, од дрвјата збунето нѐ гледаа мајмуни, а птиците мавтаа со своите разнобојни крилја. Мисионерската служба таму беше вистинска авантура!
Повеќето семејства од народот Дајак живееја во наколни куќи направени од трева и гранки. Некои од нив беа малечки, други беа поголеми заеднички куќи во кои живееја повеќе семејства. Многу од луѓето никогаш претходно немаа видено Европеец, па затоа Јозеф им стана главна атракција. Децата трчаа низ селото извикувајќи: „Пасторот! Пасторот!“ Тогаш сите излегуваа да чујат што има да каже белиот Божји слуга. Додека Јозеф зборуваше, преведуваа локални Сведоци, кои потоа тие се договараа да ја проучуваат Библијата со многуте заинтересирани.
На Папуа Нова Гвинеја
Поради сѐ посилниот притисок од верските противници, во декември 1976 год. владата на Индонезија го забрани делото на Јеховините сведоци. Затоа, јас и Јозеф бевме префрлени на Папуа Нова Гвинеја.
Откако пристигнав во Порт Морсби, главниот град, завршивме двомесечен курс по нири моту, локален деловен јазик. Потоа се преселивме во Дару, малечок остров во една подалечна западна провинција. Таму за првпат се сретнав со Јунис, крупна, цврста и срдечна жена со црвено-црни заби од долгите години џвакање бетелов орев. Кога Јунис дозна дека Бог сака неговите слуги да бидат физички, морално и духовно чисти, се откажа од оваа своја зависност и стана верна христијанка (2. Коринќаните 7:1). Секогаш кога ќе видевме како такви понизни луѓе почнуваат да живеат според библиските вистини, уште повеќе чувствувавме колку се точни зборовите од Псалм 34:8: „Вкусете и видете колку е добар Јехова!“
По некое време, Јозеф повторно беше именуван за патувачки надгледник, така што го посетивме речиси секој дел од Папуа Нова Гвинеја, каде што се зборуваат преку 820 јазици. За да можеме да разговараме со уште повеќе луѓе, научивме уште еден јазик — ток писин, локален лингва франка. За да стигнеме до различни градови и села патувавме пеш, со автомобил, со чамец, со кану и со мали авиони, борејќи се со жештини, комарци и постојани напади на маларија.
Во 1985 год., нѐ испратија како мисионери на Соломоновите Острови, кои се наоѓаат источно од Папуа Нова Гвинеја. Таму работевме во подружницата на Јеховините сведоци, а освен тоа патувавме и низ целиот архипелаг за да ги охрабриме собранијата и да присуствуваме на христијанските собири. Повторно се зафативме со учење нов јазик, овојпат соломонски пиџин. Колку радосни бевме што можевме да разговараме со жителите на Соломоновите Острови, кои многу ја сакаат Библијата!
Најтешкото патување
Во 2001 год. беше укината забраната на Јеховините сведоци во Индонезија, па јас и Јозеф се вративме во Џакарта. Но, кратко потоа, на мојот драг сопруг му открија малигнен меланом, агресивен рак на кожата. Отидовме во Германија, каде што е роден Јозеф, за да почне да се лекува. За жал, во 2005 год., на 33-годишнината од нашиот брак, тој почина уверен дека ќе воскресне во Рајот на Земјата (Јован 11:11-14). Јозеф имаше 62 години, од кои 40 помина во полновремена служба.
Јас останав во Џакарта, каде што сѐ уште служам како мисионер. Многу ми недостасува мојот сопруг. Но, тоа што ги поучувам другите за скапоцените вистини запишани во Божјата Реч ми помага да живеам со тагата, затоа што службата ми носи длабоко задоволство и ми дава смисла во животот. Без трошка сомневање можам да речам дека Јехова ми подари многу исполнет живот.
[Фуснота]
^ пас. 10 Денес на Јава има над 120 милиони жители.
[Карта на страница 25]
(Види во публикацијата)
ИНДОНЕЗИЈА
Јава
ЏАКАРТА
Чиребон
Суматра
Паданг
Езеро Тоба
Борнео
ПАПУА НОВА ГВИНЕЈА
ПОРТ МОРСБИ
Дару
СОЛОМОНОВИ ОСТРОВИ
[Слика на страница 26]
Херавати со некои од оние со кои ја проучувала Библијата на Соломоновите Острови
[Слика на страница 26]
Со Јозеф во Холандија, кратко пред да почине во 2005