Кој навистина стои зад окултното?
Кој навистина стои зад окултното?
ЗА НАШИОТ Творец Библијата вели: „Бог е светлина и во него нема никаква темнина“ (1. Јованово 1:5). Ова е вистина особено во духовен поглед. Според тоа, зарем е можно вистинскиот Бог да стои зад окултното? Или, пак, тоа е некоја мрачна сила?
Најраширени форми на окултизам се гатањето и спиритизмот, во кои спаѓаат астрологијата, нумерологијата, гледањето во дланка и правењето магии, како и комуницирањето со „мртвите“ и фрлањето клетви и уроци. Овие работи имаат долга историја, а повеќето влечат корен од древниот Вавилон, чии урнатини денес лежат во Ирак (Исаија 47:1, 12, 13). Од Вавилон, окултизмот се раширил низ целиот древен свет и длабоко навлегол во многу култури и цивилизации.
Да размислиме за она што се случило во градот Филипи во древна Македонија. Таму, неколкумина христијани, меѓу кои биле и апостол Павле и лекарот Лука, наишле на една девојка што била под влијание на окултни сили. Библискиот писател Лука открил кој стои зад нејзината моќ. Дела 16:16-18).
Тој напишал: „Нѐ сретна една слугинка која беше обземена од дух, гатачки демон, која со своето прорекување им донесуваше голема добивка на своите господари“ (Да, оваа девојка не ја добила моќта од вистинскиот Бог, Јехова, туку од демон, злобен дух. Затоа, Павле и оние што биле со него не сакале да ја слушаат. Можеби сега си мислиш: ‚Кои се демоните? И од каде се?‘ Ајде повторно да видиме што кажува Библијата.
Кои се демоните?
Долго пред да ги создаде луѓето, Јехова создал на небото огромен број духовни „Божји синови“ обдарени со разум (Јов 38:4, 7). Исто како луѓето, и тие имаат слободна волја и долго време сите му биле верни на Бог. Но, тоа неочекувано се сменило. Како?
Откако Бог ги создал луѓето, еден од Божјите духовни синови почнал да копнее по нешто на што немал право — другите да го обожаваат него. Користејќи една змија како што стомакозборувачот користи кукла, овој злобен ангел лукаво ја навел првата жена, Ева, да му биде непослушна на својот Творец (1. Мојсеева 3:1-6). Во Библијата, овој бунтовен ангел е наречен „празмијата, кој се вика Ѓавол и Сатана“ (Откровение 12:9). Исус го опишал како „човекоубиец“ кој ‚не останал постојан во вистината‘. Потоа додал: „Кога зборува лага, го зборува своето, бидејќи е лажливец и татко на лагата“ (Јован 8:44).
Со текот на времето, и други духовни ‚синови на вистинскиот Бог‘ му се придружиле на Сатана во побуната (1. Мојсеева 6:1, 2). За нив подоцна се зборува како за „ангелите кои згрешија“ и „ангелите што не ја задржаа својата првобитна положба, туку го напуштија своето вистинско живеалиште“ на небото, каде што им е местото (2. Петрово 2:4; Јуда 6). Тие биле наречени демони (Јаков 2:19). Освен тоа, нивната цел е да одвратат колку што е можно повеќе луѓе од обожавањето на вистинскиот Бог, како што направиле со многу Израелци во библиски времиња (5. Мојсеева 32:16, 17). Исто како во минатото, и денес Сатана и демоните лукаво се служат со религиозни лаги (2. Коринќаните 11:14, 15).
Заштити се!
Иако злобните духови имаат натчовечка моќ, со помош од Бог можеме ‚да им се спротивставиме‘ и да ги победиме (1. Петрово 5:9). Но, за да ја добиеме таа помош, треба да дознаеме што бара Бог од нас и да го правиме тоа. Во врска со христијаните во негово време, апостол Павле напишал: „Ние... непрестајно се молиме за вас и бараме да се исполните со добро познавање на неговата волја во сета мудрост и способност за сфаќање што ја дава духот, за да водите живот достоен на Јехова и така потполно да му угодите“ (Колошаните 1:9, 10).
Меѓу оние што стекнале такво „добро познавање“ биле и голем број луѓе од градот Ефес кои се занимавале со магија. Како реагирале откако ја дознале вистината? Библијата вели: „Мнозина од оние што се занимаваа со магија ги собраа своите книги Дела 19:17-19). Овој пример на храброст е запишан за наша поука (2. Тимотеј 3:16).
и ги изгореа пред сите“. Патем речено, овие книги вределе „педесет илјади сребреници“, што не било малку пари! (Начела што нѐ штитат
Има и други работи со кои можеме да се заштитиме од демоните. Размисли за следниве библиски начела.
„Не верувајте ѝ на секоја изјава која наводно е вдахновена од Бог туку испитајте дали таквите изјави потекнуваат од Бог“ (1. Јованово 4:1). Некои работи што ги кажуваат астролозите, јасновидците, оние што повикуваат духови и врачевите може да се точни. На пример, демонизираната девојка во Филипи ја зборувала вистината кога за Павле и за оние што биле со него рекла: „Овие луѓе се робови на Севишниот Бог! Тие ви го објавуваат патот на спасението!“ (Дела 16:17). Сепак, тие не сакале да имаат ништо со неа. Напротив, Павле дури му наредил на злобниот дух да излезе од неа. Затоа, испитувај ги религиозните изјави споредувајќи ги со она што стои во Библијата (Дела 17:11).
„Подложете му се на Бог, а спротивставете му се на Ѓаволот, и тој ќе побегне од вас!“ (Јаков 4:7). Демоните му се непријатели на Бог, но и тебе. Не биди ни малку љубопитен за нивниот мрачен свет. Напротив, биди му послушен на Бог и на заповедите што со љубов ни ги дал, а кои не се тешки (1. Јованово 5:3). На пример, на древните Израелци Бог им рекол: „Кај тебе нека не се најде никој што... гата, ни некој што се занимава со магија, ни некој што пророкува според предзнаци, ни маѓепсник, ни некој што фрла уроци, ни некој што повикува духови, ни некој што ја претскажува иднината, ни некој што ги прашува мртвите. Зашто, секој што прави такво нешто му е одвратен на Јехова“ (5. Мојсеева 18:10-12). Бог не го сменил својот став (Галатите 5:19, 20).
„Нема уроци против [Јеховините слуги]“ (4. Мојсеева 23:23). Оние што сакаат да му угодат на Бог не треба да се плашат од демоните. Всушност, овие злобни духови „се тресат“ од Бог, свесни за неговата ненадминлива моќ која еден ден ќе ја искористи за да ги уништи (Јаков 2:19). Бог ќе „ја покаже својата сила штитејќи ги оние што му се оддадени со цело срце“ и „никогаш нема да дозволи праведникот да се сопне“ (2. Летописи 16:9; Псалм 55:22).
„Живите се свесни дека ќе умрат, а мртвите не се свесни за ништо“ (Проповедник 9:5). Божјата Реч ни кажува дека мртвите се мртви, и ништо повеќе! Нема зошто да се плашиме од нив бидејќи веќе никому не можат да му наштетат (Исаија 26:14). За да ги мамат луѓето, демоните понекогаш се преправаат дека се духови на мртвите. Ова објаснува зошто на некои луѓе им изгледа дека „духот“ на некој што како жив бил добар човек не е ист како него.
„Не можете да јадете од ‚трпезата на Јехова‘ и од трпезата на демоните“ (1. Коринќаните 10:21, 22). Сите што вистински го сакаат Јехова нема да читаат книги, нема да гледаат филмови и нема да играат компјутерски игри во кои има окултни работи или кои ги промовираат окултните постапки или верувања. * „Пред своите очи нема да ставам ништо зло“, стои во Псалм 101:3. Освен тоа, во окултната забава честопати се прикажуваат во позитивно светло насилството и неморалот, кои им се одвратни на оние ‚кои го сакаат Јехова“ (Псалм 97:10).
Демоните отсекогаш се обидувале да скријат од луѓето какви се. Но, не успеале целосно во тоа. Преку Библијата, Јехова ги разоткрива такви какви што се — злобни лажливци и пакосни непријатели на луѓето. Колку само е поинаков нашиот Творец, Јехова Бог! Како што ќе видиме во следната статија, тој нѐ сака, секогаш ни ја кажува вистината и сака засекогаш да живееме среќно (Јован 3:16; 17:17).
[Фуснота]
^ пас. 19 Совеста реагира различно кај секого, во зависност од неговото религиозно потекло и духовна зрелост. Важно е да задржиме чиста совест пред Бог и да не ја повредуваме совеста на другите, вклучувајќи ги и членовите на семејството. „Сите ќе застанеме пред Божјата судиска столица“, стои во Римјаните 14:10, 12.