Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Не се премногу мали

Не се премногу мали

Не се премногу мали

● Ова го напишала една мајка од Калифорнија (САД) во врска со една тема од книгата Учи од Големиот Учител. Таа раскажува: „Минатата седмица, кога го однесов на лекарски преглед син ми Џејван, кој има 3 години, докторката праша дали јас и мојот сопруг сме разговарале со него за исправната употреба на половите органи. Ми беше многу мило што можев да ѝ кажам за книгата Учи од Големиот Учител, во која пишува дека е погрешно некој да ги чепка половите органи на некој друг. Докторката беше импресионирана што сме разговарале за тоа“.

Оваа мајка понатаму напишала: „Книгата на многу убав начин зборува за овие работи“. Таа се осврнува на поглавјето со наслов „Како Исус бил заштитен“. Во него се зборува за тоа како небесниот Татко го заштитил својот Син Исус од злобниот цар Ирод, кој сакал да го повреди кога бил премногу мал за да може да се заштити самиот (Матеј 2:7-23). Потоа книгата покажува како дури и малите деца можат да научат да се заштитат од некој што се обидува да ги злоупотреби.

Оваа книга со 256 страници, која содржи прекрасни слики и има ист формат како и ова списание, можеш да ја нарачаш ако го пополниш купонот и ако го испратиш на адресата што е наведена на него или на некоја од адресите на 5. страница од ова списание.

□ Без никакви обврски, нарачувам еден примерок од брошурата што е на сликата.

□ Ве молам, стапете во контакт со мене за бесплатно да ја проучувам Библијата.