Кој е рецептот за успешен брак
Што вели Библијата
Кој е рецептот за успешен брак
„Оној што ги создаде во почетокот, ги создаде машко и женско и рече: ‚Затоа човекот ќе ги остави татка си и мајка си и ќе се прилепи до својата жена, и двајцата ќе бидат едно тело‘... Затоа, Бог што составил, човек да не разделува!“ (Зборови на Исус Христос запишани во Матеј 19:4-6).
ВО ОВОЈ свет во кој мерилата постојано се менуваат, за повеќето луѓе бракот ја губи вредноста. Многу брачни парови остануваат заедно само додека трае физичката привлечност или додека не се јават проблеми — понекогаш дури и многу ситни проблеми — и тогаш одлучуваат да живеат одвоено или да се разведат. За жал, многу често децата се невини жртви на таквата одлука.
Ова воопшто не ги изненадува оние што ја проучуваат Библијата. Во врска со „последните денови“, времето во кое живееме сега, Библијата прорекла дека повеќето луѓе ќе ги немаат особините што го држат семејството заедно — лојалноста, наклоноста и љубовта кон членовите на семејството (2. Тимотеј 3:1-5). Дали те загрижува ваквиот пад на вредностите и последиците што тој ги остава врз семејниот живот? Дали ти го цениш бракот?
Ако да, можеш да се потпреш на Библијата, бидејќи нејзините докажани совети и ден-денес им помагаат на многу брачни двојки. На пример, да разгледаме само пет начела што можат многу да придонесат за еден успешен брак. *
Пет фактори за успешен брак
1) Сметај го бракот за света заедница. Како што покажуваат зборовите на Исус цитирани под сликата, и тој и Творецот, Јехова Бог, го сметаат бракот за света заедница. Ова јасно се гледа од строгиот укор што Бог им го дал на некои мажи од древни времиња кои се разведувале од своите сопруги за да си земат помлади жени. „Постапувате Малахија 2:14-16). Очигледно, Бог не гледа површно на бракот. Нему му е важно како мажот и жената постапуваат еден со друг.
неверно со жената на својата младост“, им рекол Бог. „Јехова е сведок помеѓу тебе и жената на твојата младост, со која постапуваш неверно, иако ти е другарка и жена со која си во сојуз.“ Потоа Јехова ги кажал овие силни зборови: „Јас го мразам разводот“ (2) Мажот треба да е одговорен. Кога станува збор за важни работи што го засегаат целото семејство, некој треба да ја донесе конечната одлука. Библијата им ја дава оваа улога на мажите. Во Ефешаните 5:23 стои: „Мажот е глава на жената“. Но, тоа што е поглавар не му дава за право да биде тиранин. Не треба да заборави дека е „едно тело“ со својата жена и дека треба да ја почитува и да се советува со неа за семејните одлуки (1. Петрово 3:7). Библијата вели дека „мажите треба да ги сакаат своите жени како своите тела“ (Ефешаните 5:28).
3) Жената треба да му дава поддршка на својот маж. Библијата вели дека жената е „дополнение“ на својот маж (1. Мојсеева 2:18). Тоа значи дека со своите особини и таа придонесува за среќата во бракот. Како негово дополнение, не се натпреварува со него, туку со љубов го поддржува и така помага да има слога во семејството. „Жените нека им бидат подложни на своите мажи“, стои во Ефешаните 5:22. Но, што ако за нешто не се согласува со него? Треба да се чувствува слободна да го изрази своето мислење со почит, внимавајќи на достоинството на својот сопруг, исто како што би сакала и тој да постапува со неа.
4) Биди реалистичен и очекувај проблеми. Бракот може да биде ставен на испит поради непромислени или нељубезни зборови, финансиски проблеми, тешка болест или стресот околу подигањето на децата. Затоа, Библијата отворено кажува дека оние што стапуваат во брак „ќе имаат телесни неволји“ (1. Коринќаните 7:28). Но, неволјите, односно проблемите не мора да го ослабат бракот. Ако двајца се сакаат, но и ако се држат за мудроста од Божјата Реч, ќе знаат да ги решаваат проблемите што би можеле да им ја поткопаат врската. Ја имаш ли мудроста што е потребна за да се справиш со проблемите што може да се јават во твоето семејство? „Ако некому од вас му недостига мудрост“, вели Библијата, „нека бара од Бог, зашто тој им дава на сите великодушно и без прекорување“ (Јаков 1:5).
5) Бидете верни еден на друг. Најразорно нешто за бракот е блудот, односно сексуалните односи надвор од бракот, а тоа е и единствената основа за развод прифатлива за Бог (Матеј 19:9). Библијата вели: „Бракот нека биде чесен меѓу сите и брачната постела нека биде чиста, зашто Бог ќе им суди на блудниците и на прељубниците“ (Евреите 13:4). Што ќе им помогне на брачните партнери воопшто да не помислат на сексуални односи со некое друго лице? Советот од Библијата е: „Мажот нека ја исполнува брачната должност спрема жената, а исто така и жената спрема мажот“ (1. Коринќаните 7:3, 4).
На некои, овие пет совети може да им изгледаат нереалистични и застарени. Но, резултатите кажуваат нешто друго. Всушност, тие се слични со резултатите што произлегуваат кога некој бара водство од Бог за секој аспект од животот: „Тој е како дрво посадено крај води што течат, кое својот плод го донесува во свое време и на кое лисјето не му венеат, и во сѐ што прави, ќе биде успешен“ (Псалм 1:2, 3). Зборовите „во сѐ“ се однесуваат и на бракот.
[Фуснота]
^ пас. 6 Нешто повеќе на оваа тема можеш да најдеш во списанието Стражарска кула од 1 февруари 2011, кое го издаваат Јеховините сведоци.
ШТО МИСЛИШ?
● Како гледа Бог на разводот? (Малахија 2:14-16)
● Како треба мажот да постапува со својата жена? (Ефешаните 5:23, 28)
● Кој ги дава најмудрите совети за брак? (Псалм 1:2, 3)