Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Младите прашуваат

Како не си го прегризав јазикот?

Како не си го прегризав јазикот?

Оваа статија ќе ти помогне да сфатиш

ЗОШТО понекогаш кажуваш нешто што не треба

ШТО да правиш кога ќе се случи тоа

КАКО да си го контролираш јазикот

Обично знам да си го контролирам јазикот, но понекогаш ќе ми се испушти нешто и ми доаѓа да пропаднам в земја од срам!“ — Чејс

„Понекогаш ќе речам нешто за што најверојатно сите се свесни, но не е баш убаво да се каже гласно... Упс!“ — Али

ЗОШТО СЕ СЛУЧУВА

Главен стих: „Ако некој не греши во зборови, тој е совршен човек“ (Јаков 3:2). Што учиме од овој стих? Никој не може совршено да го контролира јазикот. Повеќето ќе се најдат во коментарот на Анета, a која вели: „Многу често се случува јазикот да ми е побрз од умот“.

Вистинска приказна: „Еднаш, кога сакав да дадам алишта што не ги носев повеќе, една другарка ми кажа дека таа би сакала некои од нив. Без размислување ѝ реков: ‚Не сум сигурна дека ќе ти се фатат‘. А таа рече: ‚Молам? Сакаш да кажеш дека сум дебела?‘“ (Корин).

За да откриеш зошто понекогаш ќе ти излета нешто што не треба, пробај го следново:

● Откриј што ти е слабост

․․․․․ Кажувам работи во гнев

․․․․․ Кажувам работи непромислено

․․․․․ Зборувам без да сослушам

․․․․․ Друго ․․․․․

Пример: „Премногу се шегувам, па затоа понекогаш другите ме сфаќаат погрешно“ (Алексис).

● Пред кого обично кажуваш работи за кои подоцна се каеш?

․․․․․ Пред родител

․․․․․ Пред брат/сестра

․․․․․ Пред пријател

․․․․․ Друго ․․․․․

Пример: „За жал, оние што најмногу ги сакам се оние што најчесто ги повредувам“, вели Кристин (20). „Изгледа дека баш затоа што сум опуштена со нив не ни внимавам многу што ќе кажам.“

ШТО ДА ПРАВИШ КОГА ЌЕ СЕ СЛУЧИ

Главен стих: „Да се стремиме кон она што придонесува за мир“ (Римјаните 14:19). Еден начин да го следиш овој совет е да се извиниш.

Вистинска приказна: „Мајка ми почина кога имав десет месеци, а татко ми не се интересираше многу за мене, па затоа ме одгледаа тетка ми и тетин ми. Еден ден, кога имав 10-11 години, се чувствував толку осамена и лута поради смртта на мајка ми што морав да се истурам на некого. Кога тетка ми ме замоли да ѝ помогнам со нешто, почнав налутено да зборувам сѐ и сешто. На крајот, ми излетаа зборовите: ‚Те мразам‘ и ‚Ти не си ми мајка‘. На лицето ѝ се читаше шок и болка. Потоа отиде во спалната и ја затвори вратата, но можев да чујам како плаче. Се чувствував ужасно. Таа се грижеше за мене како за свое дете, а јас постапив со неа без трошка почит. Тетин ми разговараше со мене и ми прочита неколку стихови за тоа колку е важно да се контролира јазикот. Потоа, искрено ѝ се извинив на тетка ми. Ми беше јасно дека згрешив“ (Карен).

Напиши една причина зошто понекогаш ти е тешко да се извиниш.

․․․․․

Како тоа што ќе се извиниш ќе ти помогне да се чувствуваш поубаво?

․․․․․

Мала помош: Размисли за начелата од Изреки 11:2 и Матеј 5:23, 24.

Се разбира, најдобро е воопшто да не се доведеш во ситуација да треба да се извинуваш. Што ќе ти помогне во тоа?

КАКО ДА СИ ГО КОНТРОЛИРАШ ЈАЗИКОТ

Главен стих: „Секој човек треба да биде брз на слушање а бавен на зборување и бавен на гнев“ (Јаков 1:19). Еве неколку предлози што можат да ти помогнат да го примениш овој совет.

Прочитај ги следниве стихови и спој ги со соодветниот совет.

Изреки 12:16

Изреки 17:14

Изреки 26:20

Проповедник 7:9

Филипјаните 2:3

1. „Пробај да не се сфаќаш себеси премногу сериозно. Тоа ќе ти помогне да не се навредуваш лесно“ (Данет).

2. „Излегувам да прошетам. Така, можам да бидам малку сама и имам време да се смирам“ (Бриел).

3. „Како помала, си мислев дека секогаш морам да докажам дека сум во право, па затоа од сѐ правев голема работа. Но, научив дека е подобро да не се секирам за секоја ситница“ (Силија).

4. „Ако некој ти вика, а ти ништо не му враќаш, ќе се умори и ќе те остави. Само биди стрплив. Не додавај дрва на огнот“ (Керин).

5. „Понекогаш некој ќе ме изнервира. Ми доаѓа да му изнакажам сѐ и сешто. Но, ако почекам малку, сфаќам колку бесмислено би било тоа. Научив да не реагирам веднаш“ (Чарлс).

Статии од рубриката „Младите прашуваат“ има и во други броеви од списанието Разбудете се! кое можеш да го симнеш од веб-страницата www.pr418.com

[Фуснота]

a Некои имиња во оваа статија се сменети.

[Рамка/слики на страница 22]

Али — Пред да кажам нешто, размислувам: ‚Дали ова ќе ја подобри ситуацијата? Како моите зборови ќе влијаат на оној со кого разговарам?‘ Ако не си сигурен дали да кажеш нешто, веројатно е подобро да не го кажеш.

Чејс — Кога сакам да кажам нешто, пробувам да предвидам како ќе влијае тоа врз другите околу мене. Мислам дека, како што созревам, сѐ подобро можам да си го контролирам јазикот. Можеш многу да научиш од искуство.

[Рамка на страница 23]

ЗОШТО НЕ ГИ ПРАШАШ РОДИТЕЛИТЕ?

Бидејќи никој не е совршен — како што напишал Јаков, „сите ние честопати грешиме“ — разговарај со родителите како тие научиле да си го контролираат јазикот (Јаков 3:2).

[Слика на страница 22]

„Кога ќе ја истиснеш пастата за заби од тубата, не можеш повеќе да ја вратиш назад. Исто е и со зборовите. Штом ќе излезат од устата, не можеш да ги вратиш назад“ (Џејмс)