Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Нечесност на секој чекор!

Нечесност на секој чекор!

Нечесност на секој чекор!

Дени a работи за голема трговска компанија во Хонг Конг. Кога ја посетил фабриката на еден потенцијален набавувач, рекол дека не е сигурен дали таа ќе може да ги задоволи стандардите за производство на производите со кои тргува неговата компанија. Подоцна, за време на вечерата, менаџерот на фабриката му дал на Дени еден плик. Во него имало десетици илјади долари — отприлика колку што Дени заработува годишно — со кои сопственикот сакал да го поткупи.

● Ова не е единствен ваков случај. Шокантно е во колкава мера е раширена нечесноста низ светот. На пример, од судските документи се гледа дека во периодот меѓу 2001 и 2007 год., во обид да склучи деловни зделки, една голема индустриска фирма од Германија на поткуп потрошила 1,4 милијарди долари.

Иако неодамнешните скандали во некои големи фирми беа повод за извесни реформи, се чини дека, општо земено, ситуацијата се влошува. Едно истражување спроведено во 2010 год. од страна на „Транспаренси интернешнл“ покажа дека „во изминатите три години корупцијата се зголеми“ во светски размери.

Зошто има толку нечесност? Вреди ли човек да е чесен? Ако да, како да останеме чесни? Може ли Библијата да ни помогне?

[Фуснота]

a Некои имиња во овие статии се сменети.