Писма од читателите
Писма од читателите
Зошто се откажав од успешна кариера (јуни 2010) Не можам да опишам колку сум ви благодарна за оваа статија! Имам 39 години и сама подигам три деца. Во делот од Русија каде што живеам многу е тешко да се најде работа. Но, примерот на Марта Тереса Маркез ме поттикна да преземам нешто. Во статијата беше спомнато дека, за да се издржува во полновремената служба, Марта дома правела тамале и го продавала на улица. Затоа решив да го следам нејзиниот пример и почнав да правам мали руски печива наречени пирошки. Така почнав да заработувам. Сега тоа ни е семеен бизнис. А преку него моите деца учат работи што ќе им се најдат во животот и ќе им помогнат да бидат поодговорни.
Г. М., Русија
Како да се справиш со пелтечењето (мај 2010) Ви благодарам што објавивте точни информации во врска со пелтечењето. Правиме сѐ за да им покажеме на оние што се борат со пелтечење дека има многу ефикасни методи да им се помогне.
Џ. Ф., претседател на Американската фондација за пелтечење
Младите прашуваат... Како да го објаснам библискиот став кон хомосексуалноста? (декември 2010) Оженет сум веќе десет години и имам едно дете. Секој ден се борам со мојот „трн во телото“. Имам хомосексуални желби. Бракот не го смени тоа. Се чувствував безнадежно бидејќи ми изгледаше дека не можам да се изборам со моите желби. Меѓутоа, откако ја прочитав оваа статија, повеќе немам чувство дека сум во безизлезна ситуација. Сфатив дека можам да успеам и да не постапувам во склад со тие желби (2. Коринќаните 12:7).
Името е изоставено, САД
Хомосексуални желби ми се јавија уште на пет години. Сега сум 61 година и сѐ уште ги имам. Посебно ми се допадна мислата дека дури и хетеросексуалците мораат да бегаат од блуд и дека „многумина од нив се самци кои немаат многу изгледи за брак или се во брак со хендикепирано лице кое не може да има сексуални односи“, па сепак живеат среќно без да ги задоволуваат своите полови нагони. Според тоа, и лицата со хомосексуални склоности можат да живеат морално ако навистина сакаат да му угодат на Бог. Затоа, ви благодарам што нѐ охрабривте нас кои сме во таква ситуација.
Името е изоставено, САД