Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Тие ја ценат Божјата љубов

Тие ја ценат Божјата љубов

Тие ја ценат Божјата љубов

● Исус нѐ поучил да ја цениме Божјата љубов. Тој рекол: „Бог толку многу го сакаше светот што го даде својот единороден Син [Исус] за секој што верува во него да не биде уништен туку да има вечен живот“ (Јован 3:16). Божјата љубов кон нас и прекрасната иднина што можеме да ја имаме благодарение на жртвата на неговиот Син се истакнати во книгата Приближи му се на Јехова.

Една жена од Флорида (САД) напишала: „Откако го прочитав 5. поглавје, бев трогната од љубовта, мудроста и големата моќ на Јехова. Додека размислував за сите негови творби, срцето ми се исполни со уште поголема љубов кон него“. Една друга жена од Јужна Дакота (САД) пишува: „Повеќе од 30 години ми беше тешко да покажувам љубов (или да почувствувам дека сум сакана). Оваа книга ми помага како ниедна друга“.

Во книгата Приближи му се на Јехова, која има 320 страници, се разгледани главните особини на Јехова — моќта, правдата, мудроста и љубовта. Можеш да ја нарачаш ако го пополниш купонот и го испратиш на некоја од адресите на 5. страница од ова списание.

□ Без никакви обврски, нарачувам еден примерок од книгата што е на сликата.

□ Ве молам, стапете во контакт со мене за бесплатно да ја проучувам Библијата.