Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

„Она што беше порано нема да доаѓа во сеќавање, ниту ќе се јавува во срцето“

„Она што беше порано нема да доаѓа во сеќавање, ниту ќе се јавува во срцето“

„Она што беше порано нема да доаѓа во сеќавање, ниту ќе се јавува во срцето“

Нашиот Творец открил што ќе направи во блиска иднина. Тој рекол:

„Еве, јас создавам нови небеса и нова земја. Она што беше порано нема да доаѓа во сеќавање, ниту ќе се јавува во срцето“ (ИСАИЈА 65:17).

На што се мисли со зборовите „она што беше порано“ и како тоа „нема да доаѓа во сеќавање, ниту ќе се јавува во срцето“? Контекстот покажува дека се мисли на неправдите, болестите, страдањата и многу други неволји што го измачуваат човештвото. Како ќе престанат овие неволји? Клучот лежи во претскажаните „нови небеса“ и „нова земја“.

Овие интересни изрази и нивното значење ќе бидат објаснети во библиското предавање „Она што беше порано нема да доаѓа во сеќавање, ниту ќе се јавува во срцето“. Тоа ќе биде изнесено во склоп на Обласните конгреси на Јеховините сведоци со тема „Чувај си го срцето“, кои од мај ќе почнат да се одржуваат низ целиот свет.

Срдечно си поканет да дојдеш. За да дознаеш која е најблиската локација, стапи во контакт со Јеховините сведоци во твоето место или пиши до издавачите на ова списание. На веб-страницата www.pr418.com се наведени локациите на конгресите во Македонија, Србија, Косово и Албанија.