Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Побарај помош

Побарај помош

Многу е важно да имаш околу себе луѓе што ќе ти помагаат и ќе те поддржуваат, не само додека си на училиште туку и како возрасен. Кој може да ти помогне да бидеш добар ученик?

КОЈ може да ти помогне да бидеш добар ученик?

Семејството

„Кога ми требаше помош околу домашните задачи“, вели Бруна (18) од Бразил, „татко ми ми го објаснуваше материјалот и ми поставуваше прашања за да дојдам до одговорот. Не ми го кажуваше, туку ми помагаше сама да го најдам.“ a

Предлог: За почеток, прашај ги родителите колку им одел предметот што тебе ти е тежок. Ако некому од нив му одел добро можеби ќе може да ти помогне.

Наставниците

На повеќето наставници им е мило да чујат дека некој ученик вистински сака да го подобри успехот и спремни се да му помогнат.

Предлог: На твојот наставник едноставно би можел да му кажеш: „Не ми оди баш овој предмет, но би сакал да се подобрам. Што ми предлагате?“

Пријателите

Би можел да ти помогне и некој семеен пријател. Ова ќе ти користи на два начина: Прво, ќе ја добиеш потребната помош, и второ, ќе научиш да се потпреш на друг кога е потребно — нешто што ќе ти користи и како возрасен. Факт е дека честопати успехот е резултат на тимска работа, а не на индивидуална (Изреки 15:22).

Предлог: Прашај ги родителите кој пријател би можел да ти помогне со некој предмет.

Заклучок: Нема ништо погрешно во тоа да побараш помош!

Спремен ли си да почнеш? На лист хартија напиши две до три имиња на луѓе што ги сметаш за добар пример. Дали некој од нив може да ти помогне околу учењето?

a Би можеле да ти помогнат и твојот постар брат или сестра.