Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ЗЕМЈИ И НАРОДИ | АЗЕРБЕЈЏАН

Во посета на Азербејџан

Во посета на Азербејџан

АЗЕРБЕЈЏАН е најголемата од трите земји кои го сочинуваат Јужен Кавказ. Пред околу илјада години, на ова подрачје масовно почнале да се населуваат турски племиња. Овие племиња попримиле некои од тамошните традиции, а мештаните прифатиле некои работи од културата на доселениците. Затоа, воопшто не е за изненадување тоа што азербејџанскиот јазик е многу сличен на турскиот и туркменистанскиот.

Жителите на оваа земја се познати како темпераментни и срдечни луѓе. Одржуваат блиски семејни врски и се потпираат едни на други кога имаат некој проблем.

Азербејџанците сакаат музика и поезија. Имаат посебна музичка форма мугам — изведба на азербејџански поеми во придружба на народни инструменти. Изведувачот треба добро да го знае традиционалниот репертоар и да има дарба за импровизација.

Пиењето чај е важен дел од азербејџанската култура

Пиењето чај е значаен дел од азербејџанската култура. Чајот се служи во мали крушковидни стаклени чаши со коцка шеќер, а понекогаш и со ф’стаци, бадеми и суво грозје. Чајџилници има дури и во најмалите гратчиња.

Во Каспиското Море, кое се наоѓа во источниот дел на земјата, живее есетрата. Еден вид есетра, која се вика моруна, може да живее повеќе од 100 години. Една од најголемите моруни што некогаш е уловена била долга 8,5 метри и тежела 1.297 килограми! Есетрите се ценети поради нивната икра од која се прави познатиот и скап црн кавијар.

Азербејџанците се религиозни луѓе и сакаат да зборуваат за Бог. Поголемиот дел од населението се муслимани. Има и други верски заедници. Една од нив се Јеховините сведоци, кои бројат над илјада и од кои повеќето се азербејџанци.

Азербејџанци свират на традиционални инструменти

СИ ЗНАЕЛ ЛИ ДЕКА...

Низ целиот свет, Јеховините сведоци ја проучуваат Библијата со милиони луѓе, со помош на книгата Што навистина учи Библијата? Оваа книга е достапна на повеќе од 250 јазици, меѓу кои и азербејџански.