ЗЕМЈИ И НАРОДИ
Во посета на Бразил
СТАРОСЕДЕЛЦИТЕ на Бразил главно биле ловци и земјоделци. Португалските истражувачи ја донеле со себе и католичката религија и, со текот на времето, биле изградени многу цркви. Некои од нив се украсени со дрворези обложени со листови од злато.
Од средината на 16 па сѐ до средината на 19 век, околу четири милиони африкански робови биле донесени со бродови во Бразил за да работат на полињата. Овие робови со себе ги донеле и своите ритуали, од кои се развиле афро-бразилски религии како што се макумба и кандомбле. Африканското влијание е присутно и во музиката, танцот и храната во Бразил.
Традиционалната фејжоада, варијанта на португалски специјалитет, е јадење од мешано месо и црн грав кое се служи со ориз или со разни зелјести растенија. Во 19 и 20 век, пристигнале и милиони доселеници од Европа (главно од Германија, Италија, Полска и Шпанија), од Јапонија и од други делови на светот.
Денес, во Бразил има околу 750.000 Јеховини сведоци во над 11.000 собранија. Тие ја проучуваат Библијата со над 800.000 лица. За да се обезбедат места за состанување, има 31 група со градежни работници кои заедно со локалните Сведоци градат и поправаат од 250 до 300 Сали на Царството годишно. Од март 2000 год. наваму, завршени се 3.647 вакви проекти.
СИ ЗНАЕЛ ЛИ ДЕКА...
Реката Амазон носи поголемо количество вода од која и да било друга река во светот и е долга околу 6.400 километри.