ТЕМА ОД НАСЛОВНАТА
Уникатна интернет-страница
ЧИТАЈ ја Библијата на околу 50 јазици и библиски публикации на повеќе од 500 јазици.
ГЛЕДАЈ видеоснимки на речиси 70 знаковни јазици.
ПРЕБАРУВАЈ низ страницата на стотици јазици.
СЛУШАЈ аудиодрами за интересни настани од Библијата.
ЧИТАЈ библиски стрипови кои ќе ти помогнат да си ги оживееш библиските настани.
ГЛЕДАЈ библиски драми и филмови што ќе ти помогнат да се справиш со проблемите во животот.
ПРЕЗЕМИ книги, статии од списанија и аудиофајлови бесплатно.
ИСТРАЖУВАЈ на различни теми преку ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКАТА на Јеховините сведоци во која има изобилство информации на преку 100 јазици.
ЗА БРАЧНИ ДВОЈКИ
››Сакам моето семејство да биде среќно. Нашиот брак е во криза, особено откако ни се родија децата. Ни треба помош‹‹
ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА:
„Со мудрост се гради дом и со разборитост се утврдува“ (Изреки 24:3).
КАКО МОЖЕ ДА ТИ ПОМОГНЕ ИНТЕРНЕТ-СТРАНИЦАТА
Делот „Брачни двојки и родители“ може да ти помогне да се справиш со разни предизвици. Некои од нив се:
Да се преживее првата година од бракот
Односи со родителите на сопружникот
Воспитување на децата
Расправии во бракот
Финансиски проблеми
(Кликни на БИБЛИСКИ УЧЕЊА > БРАЧНИ ДВОЈКИ И РОДИТЕЛИ)
Во книгата Тајната на семејната среќа се зборува за најразлични теми поврзани со семејниот живот, на пример, како да се подготвиш за брак додека уште си самец и како да се грижиш за остарените родители.
(Кликни на ИЗДАНИЈА > КНИГИ И БРОШУРИ)
ЗА РОДИТЕЛИ
››Ништо не ми е поважно од децата. Сакам да пораснат во личности со кои ќе се гордеам‹‹
ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА:
„Воспитувај го детето според патот по кој треба да оди, па нема да скршне од него ни кога ќе остари“ (Изреки 22:6).
КАКО МОЖЕ ДА ТИ ПОМОГНЕ ИНТЕРНЕТ-СТРАНИЦАТА
Во делот „Деца“ има библиски стрипови, анимирани филмови, разни проекти и задачи преку кои детето може да научи...
да биде послушно
да биде љубезно
да ги сака другите деца
да каже „благодарам“
(Кликни на БИБЛИСКИ УЧЕЊА > ДЕЦА)
Книгите Мојата книга со библиски приказни и Учи од Големиот Учител имаат прекрасни слики и се направени за да ги читаш со твоите деца.
(Кликни на ИЗДАНИЈА > КНИГИ И БРОШУРИ)
ЗА ТИНЕЈЏЕРИ
››Сакам да научам самиот да се справувам со проблемите што ги имам на училиште, проблемите со родителите, пријателите и спротивниот пол. Веќе не сум дете и не сакам другите да ми кажуваат што да правам‹‹
ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА:
„Радувај се, момче, во младоста своја“ (Проповедник 11:9).
КАКО МОЖЕ ДА ТИ ПОМОГНЕ ИНТЕРНЕТ-СТРАНИЦАТА
Во делот „Тинејџери“ има статии и видеоснимки кои можат да ти помогнат...
ако си осамен
ако имаш проблеми на училиште
ако си прекршил некое правило од родителите
ако си малтретиран или сексуално вознемируван
(Кликни на БИБЛИСКИ УЧЕЊА > ТИНЕЈЏЕРИ)
Во двата тома од книгата Младите прашуваат — делотворни одговори се обработуваат 77 важни прашања што често ги поставуваат младите.
(Кликни на ИЗДАНИЈА > КНИГИ И БРОШУРИ)
ЗА ОНИЕ ШТО САКААТ ДА ЈА РАЗБЕРАТ БИБЛИЈАТА
››Би сакала да ја разберам Библијата. Што треба да направам?‹‹
ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА:
„Целото Писмо е вдахновено од Бог и корисно за поучување“ (2. Тимотеј 3:16).
КАКО МОЖЕ ДА ТИ ПОМОГНЕ ИНТЕРНЕТ-СТРАНИЦАТА
Свето писмо — превод Нов свет е точен и лесно разбирлив превод на Библијата.
(Кликни на ИЗДАНИЈА > БИБЛИЈА)
Во делот „Одговор на библиски прашања“ има јасни одговори на разни прашања, на пример, „Дали Бог е виновен за нашите страдања?“ и „Може ли Бог да ми помогне ако имам депресија?“
(Кликни на БИБЛИСКИ УЧЕЊА > ОДГОВОР НА БИБЛИСКИ ПРАШАЊА)
Во делот „Побарај бесплатен библиски курс“ можеш да пополниш барање за бесплатно да ја проучуваш Библијата.
(Оди на линкот „Побарај библиски курс“ на почетната страница)
„Престанав да ја читам Библијата затоа што не можев да ја разберам. Но кога почнав да ја проучувам со помош на книгата ‚Што навистина учи Библијата?‘, се изненадив колку јасна и едноставна е Библијата“ (Кристина).
Секој ден, околу 700.000 луѓе ја посетуваат страницата jw.org. Зошто не ја посетиш и ти?