Мудроста вика — ја слушаш ли?
„Зар не вика мудроста и зарем не го пушта својот глас проникливоста? Застанала на врвот од височините, крај патот, на раскрсниците... на влезната врата гласно вика“ (ИЗРЕКИ 8:1-3).
МУДРОСТА е нешто бесценето. Без неа би влегувале од една непромислена грешка во друга. Но, каде може да ја најдеме вистинската мудрост? Писателот на библиската книга Изреки зборувал за неспоредливата мудрост на нашиот Творец. Сепак, Божјата мудрост не е скриена од никого. Таа се наоѓа во една посебна книга — Библијата. Размисли за следново:
Библијата е „најраспространетата книга во историјата“, стои во The World Book Encyclopedia. „Ниедна книга не била преведена толку многу пати и на толку многу јазици.“ Денес, Библијата, во целост или делови од неа, ја има на скоро 2.600 јазици, што значи дека е достапна за преку 90 отсто од луѓето во светот.
Мудроста „гласно вика“ и во подословна смисла. Во Матеј 24:14 пишува: „Оваа добра вест за царството ќе биде проповедана по целиот свет, за сведоштво на сите народи, и тогаш ќе дојде крајот [на овој свет]“.
Оваа „добра вест“ е вистинска мудрост бидејќи ни го открива Божјето мудро решение за човечките проблеми — неговото Царство. Тоа Царство е Божјата влада која ќе владее над целата Земја (Даниел 2:44; 7:13, 14). Затоа, Исус Христос се молел: „Да дојде царството твое. Да биде волјата твоја, како на небото така и на земјата“ (Матеј 6:9, 10).
За Јеховините сведоци е голема чест да го објавуваат Божјето Царство, и тоа во 239 земји! Да, мудроста — Божјата мудрост — навистина „гласно вика“ дури и „на влезната врата“. Ја слушаш ли?