Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ТЕМА ОД НАСЛОВНАТА | КАКО НАСТАНАЛ ЖИВОТОТ?

Одговор што заслужува внимание

Одговор што заслужува внимание

ОТКАКО ги разгледале доказите, голем број луѓе заклучиле дека животот е производ на една многу висока интелигенција. Размисли за примерот на Ентони Флу, професор по филозофија кој едно време бил голем поборник на атеизмот. Кога сфатил колку неверојатно сложен е животот и какви физички закони управуваат со вселената, професор Флу си го сменил мислењето. Осврнувајќи се на размислувањето на филозофите од минатото, тој напишал: „Мора да ги следиме доказите, каде и да водат“. Според професор Флу, доказите укажуваат на тоа дека постои Творец.

До сличен заклучок дошол и Џерард, кој беше спомнат во една од претходните статии. И покрај неговото високо образование и кариера како ентомолог, тој рекол: „Не најдов ниту еден доказ дека животот се појавил случајно од нежива материја. Сложеноста на живите организми и големиот ред што владее во нив ме уверија дека мора да постои Творец и Организатор“.

Исто како што за еден уметник може да се дознае нешто преку проучувањето на неговите уметнички дела, така и Џерард дознал нешто за особините на Творецот преку проучувањето на природата. Исто така, тој ја читал Библијата — книга чиј автор е оној што создал сѐ (2. Тимотеј 3:16). Во неа нашол одговор на прашањата за човечкото минато, како и практични решенија за проблемите со кои се соочуваат луѓето денес. Така се уверил дека и Библијата е дело на едно високо интелигентно битие.

Како што сфатил и Џерард, одговорите што ги дава Библијата заслужуваат да им се обрне внимание. Зошто не ги испиташ и ти?