Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ПОГЛЕД ВО СВЕТОТ

Семејството во фокус

Семејството во фокус

Семејствата денес се соочуваат со многу предизвици, но практичните совети од Библијата можат да им помогнат да имаат среќен семеен живот.

Африка

Според Светската здравствена организација, мајките треба да почнат да ги дојат своите бебиња најдоцна еден час по раѓањето и првите шест месеци да ги хранат исклучиво со своето млеко. И покрај оваа препорака, Регионалниот советник за исхрана при Уницеф за источна и јужна Африка вели дека во рекламите сѐ уште лажно се тврди дека „вештачкото млеко за бебиња е исто толку добро како и мајчиното“.

ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА: „Лековерниот верува на секој збор, а паметниот внимава на своите чекори“ (Изреки 14:15).

Канада

Истражувачите од Монтреал дошле до заклучок дека децата чии родители се престроги, односно поставуваат крути правила и не покажуваат доволно љубов, имаат 30 пати поголеми шанси да добијат прекумерна телесна тежина за разлика од децата чии родители се урамнотежени во воспитувањето.

ДАЛИ СИ ЗНАЕЛ? Уште пред многу векови, во Библијата бил запишан најдобриот начин на воспитување деца (Колошаните 3:21).

Холандија

Во оваа земја беше направено истражување во кое беа вклучени семејства во кои и двајцата родители работат. Родителите кои успеваат да ги одвојат работните обврски од семејните имаат подобри односи со своите деца отколку родителите што дозволуваат работата да ги попречува во извршувањето на семејните обврски. На пример, ако родителите прават службени повици од дома, нема да бидат во можност да им го посветат потребното внимание на своите деца.

РАЗМИСЛИ: „Сѐ си има свое време, сѐ што се прави под небото си има свое време“ (Проповедник 3:1).